Повторно земјотрес кај Сисак


Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтер ја потресе синоќа околу 2 часот околината на хрватскиот град Сисак, соопшти Европскиот медитерански центар за земјотреси (ЕМСЦ).

Епицентарот на потресот бил на 14 километри од Сисак, на длабочина од два километри, пренесе Хина.

Според описите на локалните жители кои оставаа коментари на страницата на ЕМСЦ, потресот се почувствувал во пошироката околина.