Во БиХ починаа дури 39 пациенти со Ковид-19
Според официјалните податоци од Босна и Херцеговина денеска, се пријавени 393 новозаразени до корона вирус, а тестирани биле 2.218 примероци.
Починаа дури 39 пациенти.
Во Федерацијата се регистрирани 304 позитивни, од 1.718 тестирани.
Пријавени се 25 починати или вкупно 2.819.
Во Република Српска тестирани се 495 примероци, од кои 86 се позитвини, а починале уште 12 заболени, или вкупно 2.297.
Во Брчко регистрирани се три нови случаи на зараза од пет тестирани, а почина едно лице.