Во Словенија од сабота ќе можат да влезат и оние кои прележале и се вакцинирани против Ковид-19


Влегувањето во Словенија од сабота ќе биде можно без карантин или доставување негативен тест за коронавирус за оние кои биле вакцинирани со две дози вакцина против Ковид-19 и оние кои прележале Ковид-19 и имаат лекарско уверение, одлучи денеска словенечката Влада. Ова е промена од претходниот режим, според кој само одредени категории луѓе можеа да влезат […]

Во Хрватска нови 376 заболени со Ковид-19, починаа 25 лица


Во последните 24 часа, во Хрватска забележани се 376 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни случаи е 2.550. Меѓу нив 1.029 пациенти се на болничко лекување, од нив 88 пациенти. Починаа 25 пациенти. Досега во Хрватска од корона вирус заболеле вкупно 236.709 луѓе, а починале 5.263. Оздравеле 228.896 лица. До денеска тестирани […]

Новите мутации на Ковид-19 најверојатно се присутни во Албанија


Раководителката на Одделението за инфективни болести на албанскиот Институт за јавно здравје, Силва Бино,која е членка на Комитетот на експерти за справување со пандемјата, изјави дека се сомневаат оти во Албанија циркулира мутација на Ковид-19, што е и причина за растот на новозарзени во земјата. Според неа, 50 примероци за кои постои сомневање дека се […]

Мицотакис oптимист – не се гледа само светлината на крајот од тунелот, туку и крајот на тунелот


Не само што се гледа светлината на крајот од тунелот, туку се гледа и крајот на тунелот. За Велигден односно на почетокот на мај, работите ќе бидат многу подобри, изрази оптимизам грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Скај“. Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчкиот премиер истакна дека „вакцините се тие […]

Секоја шеста вест од насловните страници на дневните весници во Србија е лажна


 На насловните страници на српските дневни весници речиси секој шести наслов објавен во 2020 година беше лажна вест, се вели во студијата под наслов „Надворешно политички последици од Ковид-19 кризата врз Србија“, спроведена од Советот за стратешка политика со поддршка американската амбасада. Истражувањето што ќе биде презентирано вечерва на онлајн конференцијата „Епидемија на лажни вести“ […]

Опозицијата во Словенија побара гласање за недоверба на Владата


Пет словенечки опозициски партии вчера доставија предлог до Парламентот за изгласување на недоверба на Владата на Јанез Јанша и именување на лидерот на ДЕСУС, Карл Ерјавец за мандатар на нова влада. Според Уставот на Словенија, постпката е изрекување на „конструктивна недоверба“ на Владата, со формирање на ново парламентарно мнозинство со нов премиер, додека Владата во […]

Атина во строг карантин до крајот на месецов


Од шест часот утрово стапија во сила новите рестрикции во областа Атика, поширокиот регион на Атина, односно се воведува 17-дневен строг карантин, што завчера во видео порака до граѓаните го најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Бизнисите и услугите што претходно беа отворени, како што се продавниците, фризерските и козметичките […]

Во Србија повторно повеќе од 2.000 новозаразени


  Во Србија во последните 24 часа, потврдени се уште 2.088 новозаболени, а починаа 14 пацинти. Според новите податоци на Министерството за здравје, тестриани биле 12.987 примероци. На респиратори во болниците има 134 пациенти.

Невреме во Словенија


 Висока морска плима и силен јужен ветер предизвикаа прелевање на морето на бреговите во крајбрежните градови во Словенија. Голем број улици на приморјето се поплавени, јави ТВ Словенија. Зголемено е и нивото на реките во западна и централна Словенија, а некои се излеаја од коритата. Снег сè уште паѓа во Крањска гора и делови од Горењска, а Агенцијата за […]

Бугарија ќе нарача дополнителни 3 милиони дози вакцини против Ковид-19


Бугарија– Веста ја соопшти министерот за здравство Костадин Ангелов за време на денешниот состанок на Владата на Бугарија. – Во врска со податоците што ги имаме на ниво на Европската унија и можностите за намалено снабдување во земјата со вакцините на Оксфорд и Астра Зенека, предлагаме да нарачаме дополнителна количина вакцини да бидат пропорционално распределени […]

Во Црна Гора повторно се воведува полициски час од 21 до 5 часот наутро


Црна Гора– Во Црна Гора се воведува полициски час од 21 часот до 5 часот утредента и забрана за меѓуградски сообраќај за време на викендите, соопшти денеска директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ. Според новите мерки на Министерството за здравство, угостителските објекти ќе бидат отворени до 18 часот. Во Будва и Тиват, каде […]

Нови четири жртви и над 300 заболени во Косово последните 24 часа


Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.532 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа четири од лицата заразени од корона вирусот. Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.787 тестови со методот РТ-ПЦР (256.355 вкупно досега), позитивни на коронавирусот […]

Во Хрватска 577 новозаразени, починаа 14


  Во изминатите 24 часа забележани се 577 нови случаи со корона вирус во хрватска, а бројот на активни изнесува 2.596. Меѓу нив 1.055 пациенти се на болничко лекување, од кои 92 на репсиратор. Оздравеа 296 лица, а тестрани биле 6.829. Во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 14 лица, или вкупно досега […]

Во Албанија, од утре, полицискиот час почнува во 20 часот


 Албанија ги заостри антиковид мерките, по незапирливиот тренд на новозаразени и починати од опасниот вирус, посебно овој месец, во просек по 1.050 дневно. Врз основа на одлуката на Националниот комитет на експерти за справување со пандемијата, од утре полицискиот час ќе почнува 20:00 часот наместо 22:00 како што тоа беше од 11 ноември лани кога по вторпат беше воведена […]

(Видео) Полицијата во Атина со солзавец против студентите кои протестираат поради промени во високото образование


Атинската полиција употреби солзавец во обид да ги растера студентите кои протестираат во главниот град на Грција поради нацрт законот за образование, јави дописничката на МИА од Атина. За време на протестот, студентите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред зградата на парламентот на плоштадот Синтагма. Студентите фрлаа со Молотови коктели и камења, по […]

Анкета: За мнозинството Французи проширување на ЕУ со Западен Балкан е неважно


Мнозинството Французи се против проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и ова прашање не го сметаат за важно, но, според нив, интеграцијата на државите од регионот би и донела геополитички предности на Унијата, покажуваат резултатите од истражувањето на Институтот за европски политики при Фондацијата „Отворено општество“ спроведено во Франција. Анкетата покажува и дека […]

(Видео) Инцидент во суд во Хрватска – полицајци собориле маж и го тепале


Судските полицајци се судрија со маж во општинскиот суд во Сплит. Откако го фатиле едниот за врат и го оттурнале, неколкумина судски полицајци го собориле човекот на подот и му ставиле лисици на рацете. Медиумите објавија дека станува збор за 28-годишен Анте Радан, сопственик на кафулето. Во интервенцијата бил полесно повреден, како и еден полицаец. […]

Ердоган: Единствено решение за Кипар е формулата за две држави


Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека единствено решение за повеќедеценискиот спор за Кипар е воспоставување на две држави на островот. Тој додаде дека федерализацијата за која се залага Атина нема да биде тема на престојните разговори со посредство на Обединети нации. Лидерите на Грција и на Кипар во понеделникот изјавија дека ќе […]

Брендот „Адриа ервејс“ продаден на странски понудувач за 33.000 евра


Брендот на словенечката авиокомпанија „Адриа ервејс“, која е во стечај, е продаден на понудувач од странство за нешто повеќе од 33.000 евра нето, изјави стечајниот управник Јанез Пустатичник за словенечката новинска агенција СТА. Побараната цена во третиот обид за продажба на овој бренд беше утврдена на 10.000 евра. Името на клиентот не е познато. Девет […]

Експлозија пред седиштето на три медиуми во Грција


На зградата во која се наоѓаат седиштата на три грчки медиуми утрово е фрлена експлозивна направа од рачно производство. Се работи за канистри со гас кои експлодирале пред влезот. Во оваа зграда се наоѓаат редакциите на весниците „Демократија“, „Еспресо“ и „Естија“, во населбата Панграти. Причинета е материјална штета на вратата од влезот.