(Видео) Срамни сцени од Анкара: Делегатите на куп во спортска сала во епидемија – Ердоган реизбран


Опозициските политичари во Турција го критикуваа претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, поради собирот на делегати од неговата Партија на правдата и развојот во преполн спортски комплекс.

Покрај тоа што правилата за држење дистанца се уште се на сила и пред новиот налет на пандемијата од корона вирус во Tурција, илјадници приврзаници на владејачката партија ги пополнија трибините и седиштата во арената со 10.400 места во главниот град Анкара, пренесе Гардијан.

Според АП, Ердоган на тој настан зборувал речиси два часа, претставувајќи ја својата визија на стогодишнината на Турската Република, која паѓа во 2023 година.

Тој се правдаше дека го скратил своето излагање за да не ги изложува учесниците на конгресот на вирусот.

https://twitter.com/_Wolvarine06/status/1374757006964314112?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1374757006964314112%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Finfo%2Fvesti%2Findex.php%3Fyyyy%3D2021mm%3D03dd%3D24nav_category%3D78nav_id%3D1832208

Мурат Емин, лекар и пратеник од главната турска опозициска партија, ги опиша сцените како срамни, а на Твитер напиша дека тој настан покажал непочитување на здравствените работници кои деноноќно работат во борба против пандемијата.

Мелик Гокчек, поранешен градоначалник на Анкара од АКП, рече дека делегатите биле тестирани на корона вирусот пред настанот.

Ердоган и претходно го критикуваа поради слични локални партиски собири низ целата земја.

Ердоган беше реизбран за претседател на АКП

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повторно е избран за лидер на Партијата на правда и развој (АКП), а во обраќањето пред присутните истакна дека Турција решително продолжува да ги реализира претходно поставените цели за иднината.

Во Спортската сала во Анкара денеска се одржа Седмиот редовен конгрес на АКП, а Ердоган беше реизбран за претседател со сите 1.428 важечки гласови на делегатите.

– Повторно ќе покажеме дека не дојдовме на власт да бидеме владетели, туку да и служиме на државата и народот, истакна Ердоган, додавајќи дека не постои проблем кој единството на сите 84 милиони луѓе во Турција не може да го надмине.

Тој нагласи дека Партијата на правда и развој ќе продолжи да им служи на Турција и нејзиниот народ, исто како што тоа го правеше во последните 19 години, од 2002 година кога дојде на власт.