ЕУ ќе испорача 650.000 вакцини за Западен Балкан
Европската Унија на земјите од Западен Балкан ќе му испорача 650.000 вакцини против Ковид-19, најави денеска црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ.
Тој се обрати по разговорот со претседателката на Европската комисија Рсула фон дер Лајен.
Кривокапиќ рече дека првата количина вакцини за Црна Гора ќе стигнат во април, пренесоа подгрички „Вијести“.
„ЕК дака да ѝ помогне на Црна Гора како идна членка на ЕУ и госпоѓа Фон дер Лајен ме повика во Брисел штом епидемиолошката ситуација ќе го дозволи тоа. Го возвратив повикот и претседателката на ЕК рече дека со задоволство ќе дојде во Црна Гора, имајќи предвид дека никогаш не ја посетила нашата земја“, наведе Кривијкапиќ на Твитер.
Претседателката на Европската комисија Урсула фин дер Лајен претходно на Твитер објави дек ЕУ стои покрај своите партнери на Западен Балкан и порача дека заедно ќе ја победиме епидемијата.
Таа додаде дека разговарала со Кривокапиќ и со престедателот на СОветот на министери на БиХ, Зоран Тагатели за испораката на вакцини во Црна Гора, односно БиХ, кои ги финансира ЕК со цел побрза вакцинација на здравствените работници и осетливите групи.