И Македонци и Германци денес се вакцинираат во Србија


Медиумите во Србија од утрово известуваат за големи гужви на Белградскиот саем каде се спроведува масовна вакцинација на населението.

Но она што е различно овој викнед е што поголем број од оние кои денеска и утре имаат термини за вакцинација се државјани од речиси сите земји од Западен Балкан.

Според изјавите на лицата кои го одржуваат редот, има државјани од Северна Макединија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, но и од некои европски земји: Германци, Холанѓани и Словаци, објави Би-би-си на српски јазик.

Утрово гужва беше регистрирана и на граничниот премин Табановце, за излез од Македонија, но најмногу се чекало на граничните премини на Србија со БиХ. Километарски колони со возила имало и на преминот Хоргош, на влезот во Србија од Унгарија, но исто така и на Батровци и преминот Сид кон Хрватска. Вакцинацијата на странските државјани што започна викендов ќе се спроведе во Белград и Нови Сад.

Стопанската комора на Србија, во соработка со Владата на Србија, обезбеди 10.000 вакцини за бизнисмени и вработени од регионот како дел од имунизацијата на илјадници наши бизнисмени и вработени во компаниите.Така, викендов е организирана вакцинација во Белград за бизнисмени и нивни вработени од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, како и за косовски бизнисмени. Со бизнисмените од Македонија ќе се вакцинираат и угостителите. Според Танјуг за вакцинација се пријавиле 7.500 бизнисмени од регионот, а од видеото објавено од агенцијата се гледаат колони од луѓе кои чекаат да им дојде редот.

На порталот Е-влада, се наведува дека покрај граѓаните на Република Србија, странски државјани со и без престој во Србија исто така можат да изразат интерес за вакцинација против ковид-19.Речиси сите кои се пријавија за вакцинација во Србија, веќе се вакцинирани. Дури три четвртини од полнолетното население во земјата се нема пријавено за корона-вакцини. Според експертите дезинформациите го земаат данокот.