Србија со 5.297 новозаразени


 

Во Соседна Србија епидемијата од корона вирус не стивнува, па така денеска се регистрирани 5.297 новозаразени од 17.684 тестирања.

Починаа 37 пациенти, па вкупнит број смртни случаи поради Ковид-19 до денеска изнесува 5.039‬.

На респиратор се 243 пациенти, а 6.349 се лекуваат во болница.

Денеска се одржа и седница на Кризниот штаб, на која е анализирана епидемиолошката ситуација, на која се одлужи да останат на сила постоечките мерки.

Тоа значи дека угостителските објекти и трговски центри остануваат затворени, а донесена е посебна одлука на барање на Министерството за образование во врска со оценувањето на учениците. Настапуваат и нови правила за влез во Србија.