Во Босна и Херцеговина високи бројки: Нови 1.843 заразени и 60 починати


  Во Босна и Херцегвина денеска регистрирани се 1.843 новозаразени по 4.447 тестирања, а од последиците на Ковид-19 починаа 60 пациенти. За споредба, вчера имаше 1.869 новозаразени, а починаа 76 лица. Во Федерацијата тестирани се 3.012, а 1.239 биле позитивни. Досега тестирани се 530.484 примероци, а Ковид-19 имале 107.545 луѓе. До денеска во Фередацијата оздравеле […]

Хрватска со нови 1.790 случаи на корона вирус, починаа 18


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.790 нови случаи на зараза со корона виурс, а активни се 9.790. Меѓу нив 1.148 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 121 пациент. Починаа 18 пациенти. ДОсега во Хрватска од корона вирус заболеа 265.901 лица, а 5.872 починаа. Оздравеа 250.239 лица, од кои 1.034 во […]

Земјотрес во Јадранското Море, нема повредени


  По денешниот земјотрес во Јадранското Море, кој според италијанската сеизмолошка служба беше со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, а кој исто така беше почувствуван во поголемиот дел од југот на Италија, нема жртви и не е соопштена материјална штета. Хрватската сеизмолошка служба проценува дека станува збор за земјотрес 5,5. Земјотресот, кој се […]

ЕУ ќе испорача 650.000 вакцини за Западен Балкан


  Европската Унија на земјите од Западен Балкан ќе му испорача 650.000 вакцини против Ковид-19, најави денеска црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ. Тој се обрати по разговорот со претседателката на Европската комисија Рсула фон дер Лајен. Кривокапиќ рече дека првата количина вакцини за Црна Гора ќе стигнат во април, пренесоа подгрички „Вијести“. „ЕК дака да ѝ […]

И Македонци и Германци денес се вакцинираат во Србија


Медиумите во Србија од утрово известуваат за големи гужви на Белградскиот саем каде се спроведува масовна вакцинација на населението. Но она што е различно овој викнед е што поголем број од оние кои денеска и утре имаат термини за вакцинација се државјани од речиси сите земји од Западен Балкан. Според изјавите на лицата кои го […]

Нови 76 жртви на Ковид-19 во Босна и Херцеговина


Босна и Херцеговина во изминатото деноноќие регистрира 1.869 нови случаи на корона вирус од 5.238 тестови и 76 смртни случаи. Во Заводот за јавно здравје на Босна и Херцеговина во последните 24 часа се направени 3.789 тестови од кои 1.260 со позитивен исход. Нови случаи се регистрирани во сите кантони во Федерацијата БиХ, а најголем […]

Хрватска го одложи пописот на населението за на есен


Поради епидемиолошката ситуација се одлага пописoт на населението којшто требаше да се изврши пролетва во Хрватска. Ваква одлука донела хрватската Влада при што, истовремено, е определено пописот да се спроведе во две фази наесен, од 13 септември до 17 октомври. Во првата фаза граѓаните на Хрватска ќе се попишуваат самостојно, преку интернет. Владата го задржува […]

Продолжен карантинот во Грција, Владата воведува „self testing“


 Актуелните рестрикции во Грција, односно карантинот, полицискиот час и посебните мерки за црвената и темноцрвената зона, продолжени се за уште една седмица, односно до 5 април, како што беше попладнево соопштено на редовната прес-конференција за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас рече […]

Вучиќ: Голи лаги во извештајот на ЕП, се изгубиле во времето и просторот


Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска го оцени како „гола лага“ вчерашниот извештај на Европскиот парламент (ЕП) за напредокот на Србија кон пристапувањето во ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ читајќи им на новинарите делови од резолуцијата во врска со здравствениот систем истакна дека Србија има опрема, лекови, вакцини токму затоа што не […]

Албанија ќе ги вакцинира сите здравствени работници на Косово


Албанија ќе ја преземе вакцинацијата на целокупниот здравствен персонал на Косово, најави албанскиот премиер Еди Рама, откако вчера, од Турција донесе пратка од 192 илјади вакцини од кинеско производство. -Сега имаме можност да дадеме директна порака до Косово, до нашите браќа и сестри таму, подготвени сме веднаш да ја преземеме вакцинацијата на белите мантили на […]

Бугарија до крајот на март добива околу 250.000 дози, а до крајот на јуни  4,5 милиони дози вакцини


Директорот на бугарската Агенција за лекови, Богдан Кирилов, за БТВ денеска изјави дека до крајот на следната недела сите три вакцини, овластени за употреба од ЕМА, ќе бидат испорачани во Бугарија. Денеска треба да пристигнат 16.375 дози на „АстраЗенека“, следната недела уште 31.500 дози од „Фајзер“ и 51.600 дози од „Модерна“, а другите 150.000 дози […]

Бугарското Воено обвинителство поднесе четири нови папки со докази за шпионските активности на разбиената група


Четири нови папки со докази се доставени од бугарското Воено обвинителство до Апелацискиот воен суд во Софија во истрагата против групата од шест притворени лица за шпионажа во корист на Русија. Две од папките содржат класифициран материјал пронајден при претреси на уапсените, а другите две се изјави на уапсените при сослушанањата, јави бугарската национална телевизија. […]

Вакцинираните Израелци можат да патуваат во Грција без карантин


Задолжителниот седумдневен карантин, по пристигнувањето во Грција од вчера не важи за државјаните на Израел кои се вакцинирани и имаат соодветна потврда, согласно новите упатства од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Поконкретно, според авио упатства што се во сила до 5 април и се однесуваат само на израелските […]

Бугарскиот Парламент мандатот го заврши со 70 отсто неодобрување од граѓаните


Последниов, 44-ти состав на бугарскиот Парламент, што денеска ја заврши својата работа, има одобрување од само 18 проценти од граѓаните на Бугарија, наспроти 70 отсто незадоволни од тоа што пратениците покажаа и постигнаа во изминатите четири години, покажуваат резултатите од истражувањето на „Exacta Research Group“, спроведено меѓу 15 и 22 февруари на репрезентативен примерок од […]

(Фото) Воената парада во Атина во присуство на високи гости, но и без публика


Воини на коњи, припадниците на претседателската гарда, т.н Евзони, единици на армијата и воената морнарица, тенкови, пешадија, нуркачки единици, учествуваа на воената парада во Атина по повод 200 години од востанието на независноста на Грција, парада што се одржа во присуство на високи гости, но и без публика поради пандемијата, јави дописничката на МИА од […]

Мали: Србија воведува систем на електронска фактура


Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, најави дека на денешната седница на Владата на Србија ќе биде усвоен Предлог закон за електронско фактурирање, со кој систематски се регулира областа на испраќање, примање и чување на електронски фактури, соопшти агенцијата ФоНет. -Со ова се следи најдобрата практика што ја применуваат земјите од Европската унија и […]

Производството на „Спутник V“ во Србија ќе почне пред мај


-Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ) и белградскиот Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ потпишаа договор за производство на руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ во Србија, што може да биде покрената до мај оваа година, соопштија од РФПИ. Прецизирано е дека производството на вакцината „Спутник V“ во Институтот „Торлак“ се очекува да почне […]

Флејтистка, адвокат – а сега шеф на дипломатијата на Косово


На крајот од 1970-тите нејзиното семејство замина од Југославија во Германија. 40 години подоцна, Доника Гервала-Шварц се врати назад во татковината за да биде министерка за надворешни работи на Косово   Кога во понеделникот вечерта беше избрана новата косовска влада, Доника Гервала-Шварц најпрво погледна на својот живот. За неа, работите дојдоа во полн круг: нејзиниот […]

Воена парада во Атина по повод 200 години од востанието за независност на Грција


Под драконски безбедносни мерки, под здравствени протоколи, без публика поради пандемијата и карантинот, со ограничен број претставници на медиумите, со високи гости, денеска во Атина ќе се одржи воената парада по повод 200 години од востанието за независност на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. На дводневните свечености по повод јубилејот присуствуваат претседателот на […]

(Видео) Срамни сцени од Анкара: Делегатите на куп во спортска сала во епидемија – Ердоган реизбран


Опозициските политичари во Турција го критикуваа претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, поради собирот на делегати од неговата Партија на правдата и развојот во преполн спортски комплекс. Покрај тоа што правилата за држење дистанца се уште се на сила и пред новиот налет на пандемијата од корона вирус во Tурција, илјадници приврзаници на владејачката партија […]