Пописот 2021 година во Бугарија ќе се одржи во периодот од 7 септември – 3 октомври


Советот на министри на Бугарија на својот состанок донесе одлука за започнување на Пописот на населението и станбениот фонд на 7 септември 2021 година и да заврши во 20 часот на 3 октомври 2021 година, јави дописникот на МИА од Софија. Пописот со пополнување на електронска картичка за попис ќе се спроведе преку интернет од […]

Србија со 5.297 новозаразени


  Во Соседна Србија епидемијата од корона вирус не стивнува, па така денеска се регистрирани 5.297 новозаразени од 17.684 тестирања. Починаа 37 пациенти, па вкупнит број смртни случаи поради Ковид-19 до денеска изнесува 5.039‬. На респиратор се 243 пациенти, а 6.349 се лекуваат во болница. Денеска се одржа и седница на Кризниот штаб, на која […]

Дури 87 кандидати за нови пратеници биле доушници


Вкупно 87 од кандидатите за пратеници за новиот состав на бугарскиот Парламент биле поврзани со поранешната комунистичка Државна безбедност (ДС) и разузнавачките служби на Бугарската народна армија до 1989 година. Имињата на повеќето од нив веќе се објавени во јавноста, а тие станаа познати со одлуката на бугарската Комисија за досиеја. Како што јави дописникот […]

Столтенберг: И изразивме поддршка на Бугарија за истрагата против руската шпионска мрежа


На денешната седница на министерскиот состанок на НАТО во Брисел главната дискусија се однесуваше на односите со Русија, сите земји членки и изразиле поддршка на Бугарија за истрагата против наводна руска шпионска мрежа, јави дописничката на МИА од Брисел. -На Бугарија и упативме порака на солидарност од сите сојузници, зборував со премиерот на Бугарија, министерката […]

Пленковиќ, Јандроковиќ и Берош јавно се вакцинираа со „АстраЗенака“


Хрватска– Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ, и министерот за здравство, Вили Берош, утринава во седиштето на владата во Загреб  беа јавно вакцинирани со вакцината на „АстраЗенака“. -Мислам дека беше испратена силна порака до медицинската наука и професијата, особено затоа што бевме вакцинирани со „АстраЗенека“, изјави Берош пред новинарите по вакцинацијата. Тој […]

Србија не ги ублажи мерките, влез во државата без ПЦР тест само за вакцинираните жители


Србија– Кризниот штаб за борба против коронавирусот на седница на која е разгледана епидемиолошката состојба во Србија одлучи да нема ублажување на постојните мерки. Исто така, одлучено е граѓаните на Србија кои се целосно вакцинирани со вакцинините на Синофарм, Фајзер и Спутник, како и оние граѓани кои примиле една доза од вакцината АстраЗенека, да им биде […]

Рекорден број новозаразени во Бугарија


Бугарија денеска потврди најголем дневен рекорд со 4.851 новозаразени со корона вирусот. Во седуммилионската Бугарија, бројот на заразени досега изнесува 312.741 од почетокот на пандемијата. Според податоците на здравствените власти, починале вкупно 12.307 пациенти од Ковид-19.

Пленковиќ, Берош и Јандроковиќ ќе се вакцинираат со АстраЗенека


Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, министерот за здравство и претседателот на Саборот, Вили Берош и Гордан Јандроковиќ утре ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека. Како што објави портпаролот на хрватската Влада, Марко Милиќ на Твитер, имунизацијата на тројца хрватски функционери ќе биде јавна. Тие ќе ја примат вакцината во Бански двори, односно во […]

Во Србија раст на новозаразени 5.475, починаа 36


  Во последните 24 часа во Србија регистрирани се уште 5.475 заразени со корона вируст, а починаа 36 пациенти. Состојбата во болниците е алармантна, со оглед на тоа дека во нив се лекуваат 6.178 ковид пациенти, а 238 на респиратор. Тестирани биле 18.158, а од почетокот на пандемијата 3.295.548 граѓани. Процентот на смртност е 0,89 […]

Во Босна и Херцеговина повторно многу починати од Ковид-19 – денеска 67


  Во последното деноноќие во Босна и Херцеговина забележани се 1.719 новозаразени со корона вирусот, а починаа уште 67 лица. Тестирани се 5.528а, оздравеле уште 894 пациенти. За споредба, вчера имаше 818 новозаразени, а 73 смртни случаи. Во Федерацијата тестирани се 3.895 примероци, а 1.070 биле позитивни. Пријавени се 44 починати или вкупно 3.325. Во […]

Бугарија е на второ место во светот по смртност од Ковид-19 и прва во Европа


 Бугарија е на второ место во светот по смртност од Ковид-19 по Мексико и, соодветно, прва во Европа,, јавија бугарските медиуми пренесувајќи податоци на Универзитетот Џонс Хопкинс. Потенцирано е дека рангирањето се заснова на бројот на смртни случаи на 100 заразени со коронавирус или на 100.000 жители, односно земјите на врвот на рангирањето имаат најмногу […]

Русија ѝ одговори на Бугарија: „Доста правите шоу со измислена шпионажа“


Руската амбасадорка во Софија ги отфрли сите наводи дека бугарски граѓани шпионирале во корист на Моска и целата акција на апсењето на шест лица и протерувањето на двајца руски дипломати го нарече „шоу“. Во интервју за весникот „24 часа“ амбасодорката Елеонора Митрофанова вели дека ова заострување на односите на Софија кон Москва доаѓа од октомври […]

Во Хрватска уште 956 новозаболени, починаа 22 пацинети


  Во последните 24 часа во Хрватска се забележани нови 956 случаи со корона вирус, а направени се 8.177 тестови. Активни се 6.394. Од нив 1.029 пациенти се на болничко лекување, а од нив 92 на респиратор. Во истиот период починаа 22 лица. Од почетокот на пандемијата досега забележани се 258.745 заразени, оздравеле 246.543, а […]

Црна Гора размислува за целосно затворање на државата


Државниот секретар на Министерството за здравство на Црна Гора, Борко Бајиќ изјави дека целосно затворање на државата е опција за која се залага Институтот за јавно здравје и одделот од кој доаѓа, но дека оваа одлука не може да се донесе без проценка на други релевантни институции, пред се на министерствата за економија и финансии. […]

Илхан Ќучук, известувачот за Македонија, ставен на црната листа на Кина по санкциите на ЕУ


Бугарскиот европратеник и извесувач за Македонија, Илхан Ќучук, се најде на списокот Кина во кој се најдоа десет личности и четири организации за кои Кина воведе контрасанкции откако ЕУ стави на црн список четири лица и една организација поради состојбата на Ујгурите во автономниот регион Ксинџијанг. Четирите лица се функционери од Ксинџијанг. Ќучук не може […]

Измислува ли Бугарија руски шпиони?


 Руската амбасада во Софија одговори со изјава дека протерувањето е неосновано и дека Москва го задржува правото да одговори. „За жал, принудени сме да забележиме дека овој неправеден демарш од бугарските власти нема да придонесе за градење на конструктивен руско-бугарски дијалог“, се вели во соопштението. Руската амбасада во Софија коментира: „Во услови на комплицирање на […]

Бројките во Србија и понатаму растат, 4.769 новозаразени, починаа 32


  Според последните податоци, во Србија забележани се уште 4.769 случаи на зараза со коронавирус, а починаа 32 пацинети. Во болница се лекуваат 5.899 лица, од кои 236 на респиратор. Во последните 24 часа тестирани се 14.474 лица, а од почетокот на пандемијата 3.277.390. Вкупно досега починаа 4.966 пациенти. Процентот на смртност е 0,89 отсто. […]

Во БиХ за еден ден починаа 73 луѓе од последици од Ковид-19


Во Босна и Херцеговина, Федерацијата БиХ и Република Српска, во последните 24 часа, дури 73 пациенти починаа од последици на Ковид-19, што е најголема бројка досега во еден ден. Со тоа вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 5.750. Според Институтот за јавно здравје, само во Федерацијата БиХ починале 57 пациенти. Со […]

Во Србија дадени 2,2 милиони вакцини, до сега немало ниту еден анафилактичен шок


Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави денеска дека од околу 2,2 милиона вакцини против коронавирусот аплицирани во државата, досега не е забележан случај на анафилактичен шок. Тој во изјава за локални медиуми нагласи дека во текот на вакцинацијата досега, во Србија се регистрирани околу 600 несакани реакции на вакцината. Според него, ставовите на оние кои се […]