Лаура Ковеси прифати четири, а отфрли шест бугарски обвинители


Главниот европски обвинител, Лаура Ковеси (Фото: ЕПА)

Само четворица од десетемина бугарски кандидати за Европското обвинителство ги исполнија условите на оваа нова европска институција која треба да почне со работа на 1 јуни. Тоа го соопшти денес Европското бвинителство на чие чело е познатиот борец против корупцијата, Романката Лаура Ковеси.

Кога Бугарија ги предложи десетте кандидати само тројца беа прифатени, а во дополнителните испитувања помина уште еден обвинител.

Пред еден месец Ковеси испрати писмо до Обвинителскиот колегиум на Бугарија да предложи четири нови кандидати затоа што седуммина не ги исполнувале условите. Но колегиумот реши да остане на истите предлози, велејќи дека процедурата била транспарентна и биле предложени најдобрите. Но Лаура Ковеси не мислеше така и Бугарија остана само четворицата обвинители бидејќи процедурата е веќе завршена.