(Видео) Невреме на Јадранот: Град, молњи, грмотевици


Студен фронт донесе силно влошување на времето на копно и на северен Јадран.

Посилно молскавично невреме со град зафати голем дел од Истра, Хрватска, од Умаг преку централна Истра се до источниот брег.

Имаше изразена активност со грмотевици, а во овој момент невремето се шири кон Кварнер.

На социјалните мрежи се делат снимки од Пазин каде паѓаше град.

На подрачјето на Истра, денеска два часа, од 18 до 20 часот, забележани се повеќе од 4.000 молњи.