Австрија ќе предложи „ковид пасошите“ да важат и за Западен Балкан
Австриската министерка за европски прашања Каролин Едстадлер ќе предложи „зелените сертификати, пасоши или пропусници“ да важат и за населението од Западен Балкан.
Во Австрија претходно беше планирано при поминување, да се докаже негативен тест за коронавирус, дека болеста е преболена или дека е примена вакцина против вирусот.
Ова значи дека при посета на пример на ресторани ќе се скенира QR-кодот од телефон и со тоа се вчитуваат потребните податоци.
Планирано е вакви припусници да се користат низ цела Европа, вклучително и за прекугранично патување.
Министерката Едстадлер, член на Австриската народна партија (ОВП), ќе предложи употребата на овие пропусници да се прошири и на земјите надвор од Европската унија, вклучително и на Западен Балкан.
„Земјите од Западен Балкан се блиски до нас и затоа мора да бидат покриени со зелената пропусница“, изјави Едстадлер за австрискиот портал Хеуте, пренесува Кликс. Таа смета дека на овој начин може да се обезбеди безбедно патување и повторува дека е важно таквите пропусници да важат и за земјите од Западен Балкан.