Бугарија/Избори: По обработени 89 отсто гласови, води ГЕРБ пред Има таков народ


Со обработени 89,14 проценти од гласовите на парламентарните избори во Бугарија, коалицијата ГЕРБ-СДС има добиено 24,01 проценти од гласовите, објави Централната изборна комисија на Бугарија. Политичката партија „Има таков народ“ (ИТН) има 23,48 проценти од гласовите; „БСП за Бугарија“ – 13,65 проценти, „Демократска Бугарија“ – 12,60 проценти; Движење за права и слободи – 10,61 проценти; […]

„Галуп“: „Има таков народ“ е победник на изборите во Бугарија


Партијата „Има таков народ“ на телевизискиот водител и шоумен Слави Трифонов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија , според податоците на агенцијата Галуп од паралелното пребројување на 90 проценти од гласовите.Коалицијата ГЕРБ-СДС останува втора политичка сила. Галуп наведува дека станува збор за резултати според нивна прогноза, а официјалните ќе бидат објавени од ЦИК. „Има […]

Бугарија во нов заплет по изборите


Во новиот парламент влегуваат истите шест партии како по гласањето во април само со изменета поддршка. ГЕРБ и БСП и натаму ја губат поддршката, Има таков народ засега е на прво место   Доколку официјалните резултати бидат многу слични како и излезните анкети и паралелните пребројувања, тогаш Бугарија по неделните избори влегува во нов заплет […]

Бугарите масовно не излегоа на изборите


Одзивот на гласачите на изборите на кои Бугарите гласаат на предвремените парламентарни избори, е многу мал. Според податоците на Централната изборна комисија (ЦИК) во 16 тој изнесувал  27,20 отсто, а во 17 часот  29 отсто.Најниска е излезноста во Карџали – 20,61%,а највисока  во Смолјан – 33,14%. На изборите во април во 17 часот одзивот беше […]

Бугарија/Избори: Зголемување од 83 отсто на сингалите за изборни нарушувања


 Од почетокот на изборната кампања во Бугарија, до 15 часот денеска (по локално време), Министерството за внатрешни работи на таа држава добило вкупно 982 сигнали за кршење на изборното законодавство и политичките права на граѓаните. Ова го соопшти МВР на Бугарија. Во споредба со податоците во исто време на парламентарните избори во април, има зголемување […]

Грција има проблем со вакцинирањето – на младите им нудат по 150 евра


Улицата пред „Челзи“ е преполна. Теоретски, не може да стоите пред пабот откако постои короната, туку мора да седите на столици кои не треба да се близку една до друга. Но, се чини дека гостите, мнозинството помлади меѓу 20 и 30 години, заборавиле на пандемијата од корона вирус. Лето е, жешко е, време е за […]

Два земјотреса во северен Јадран, почувствувани во Истра


Сеизмолошката служба на Хрватска јави за прилично јак земјотрес со магнитуда од 4,2 степени според Рихтер во подморјето на северен Јадран покрај италијанскиот брег, а се почуваствува и во Истра. Потресот се случил во 12.56 часот, во близина на Равена. Јачината е со 4,2 според Ритер, а интензитетот во епицентарот V-VI степени според ЕМС. Нешто […]

Брнабиќ: Одлука за третата доза вакцина против корона вирус до почетокот на август


 Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека одлуката, односно препораката, за „третата доза вакцина“ против коронавирусот ќе биде сооппштена до 1 август, јави дописникот на МИА од Белград. – Националното тело за имунизација спроведува студија, ги следи производителите на вакцини и нивните студии во врска со третата доза. До 23 јули, тие ќе го […]

Борисов драматизира: Изборите се хаос, ЦИК спие


Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, ги нарече хаос изборите во Бугарија.  -И ова го доживеа да види Европа, избори како во Венецуела – тотален хаос во земјата и во странство, кражба на векот. Влегуваат специјалци, ги допираат машините, ни јавуваат од Бурса, од Едрене – хорор. Хаосот што го создадоа е видлив, а ЦИК (Централната […]

Радев: Во Скопје сами да ја отстранат блокадата


 Претседателот на Бугарија, Румен Радев ги коментираше односите и преговорите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, откако денеска гласаше на изборите во Софија. -Политиката на Бугарија кон Северна Македонија не зависи од тоа која влада е на власт и каков ќе биде парламентот, туку од водењето отворен конструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија и тој […]

Радев ги повика Бугарите масовно да гласаат на денешните парламентарни избори


Претседателот на Бугарија, Румен Радев ги повика Бугарите масовно да гласаат на денешните парламентарни избори. – Најважно денеска е Бугарите да излезат и да гласаат масовно.Ова не е само мерка за надминување на секој обид за промена на нашиот глас, тоа е начин да сфатиме дека ако сакаме да имаме легитимна и стабилна влада и […]

Бугарија избори: Одзивот до девет часот е девет проценти


Покрај службениот премиер на Бугарија Стефан Јанев, на изборите во Бугарија досега гласаа и лидерите на Бугарската социјалистичка партија Корнелија Нинова и на прозападната партија Демократска Бугарија Христо Иванов кој изјави дека не ее загрижени поради излезноста. Како што јави дописникот на МИА од Бугарија, сè уште не се знае дали поранешниот премиер Бојко Борисов ќе гласа […]

Дваесет и шест години од геноцидот во Сребреница


Србија– Во Меморијалниот центар Сребреница-Поточари денеска ќе биде одбележана 26-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од српските сили во јули 1995 година. Како што јави Бета, на комеморацијата повторно нема да има претставници на српските власти, а најавено е присуство на делегација од Владата на Република Српска. Во Поточари, меѓу другите, ќе бидат црногорскиот претседател Мило […]

Предвремени парламентарни избори во Бугарија


Во Бугарија денеска се одржуваат 12-ти парламентарни избори по соборувањето на комунистичкиот диктатор Тодор Живков есента 1989 година. Ова се трети предвремени парламентарни избори од 2013 година. Како што јави дописникот на МИА од Софија, денешните избори ќе бидат први во поновата политичка историја на Бугарија, на кои ќе се гласа преку машини – според измените во […]

Лајчак: Западен Балкан и ЕУ се едно семејство


Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак денеска изјави дека Западен Балкан и ЕУ се едно семејство кое се соочува со истите предизвици. Затоа, како што истакна на форумот во Дубровник, важно е тие да ги делат истите норми и вредности. – Западен Балкан и ЕУ се едно семејство. Ние сме длабоко поврзани и оваа интеграција ќе се зголеми уште повеќе. Со оглед […]

Гори грчко летувалиште – наредена евакуација


  Во шумската област на Киристос на островот Евија во Грција изби пожар, но надлежните уште не знаат што точно ја предизвикало огнената стихија. Жителите на блиското село Ниборио почнаа да ги напуштаат своите домови пред на лице место да стигнат првите пожарникари и официјално да се издаде наредба за евакуација, јави агенцијата АНА. Според […]

Албанското специјално обвинителство влезе во МВР, уасени девет полициски раководители


 Албанското специјално обвинителство продолжува со активностите против корумпирани функционери и носители на функции. По акцијата во градот Љушња, каде беше уапсен и градоначалникот, поради корупција при спроведување тендери, денеска влезе во Министерството за внатрешни работи. Притворени се девет актуелни и поранешни високи раководители за злоупотреба при спроведување на тендерот за набавка на нови униформи за […]

Случаи на Ковид-19 во четири детски летни кампови низ Грција


 Во четири детски летни кампови на Халкидики, на Крит, во Коринт и во близина на Атика, поширокиот регион на Атина, потврдени се над 35 случаи на Ковид-19, но според државната телевизија ЕРТ ситуацијата е под контрола, јави дописничката на МИА од Атина. Сепак, весникот „Катимерини“ коментира дека „десетиците случаи во камповите предизвикуваат загриженост“. Во детскиот […]

Хрватска: Голем пожар на Чиово, гори во близина на куќите


На Чиово во Хрватска гори силен пожар, а огнот се распламтел кај заливот Дубока, околу пладне. Како што јавуваат хрватските медиуми, пожарот го гасат 90 пожарникари со 27 возила. Гори ниска сува трева и грмушки, а во гасењето учествуваат и хеликоптер и канадери. Мештаните јавуваат дека чадот и пеплта стигнале до плажата, која е преполна […]

Прв случај во Грција на хоспитализација на заразен со делта сојот


Монах од Света Гора е првиот случај во Грција на хоспитализација на Интензивна нега на лице заразено со делта сојот, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, 49-годишниот монах не бил вакциниран, а веќе е приклучен на апарати и е во сериозна состојба. Досега, во Грција е регистриран вкупно 121 […]