ВО Хрватска регистрирани 807 новозаразени, починаа 13 пациенти


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 807 нови случаи на зараза со коворна вирусот, а бројот на активни се искачи на 6.123.

Меѓу нив 572 пациенти се на болничко лекување, од кои 62 се на респиратор. Починаа 13 пациенти со Ковид-19, јави кризниот штаб.

Вчера во Хрватска имаше 1.162 нови случаи со корона вирус. На болничко лекување имаше 559 луѓе, а на респиратор 55 пациенти. Вчера починаа 14 пациенти.