Во Србија регистрирани 5.461 новозаразен, починаа 27 пациенти


 

Според последните податоци во соседна Србија денеска се регистрирани 5.461 новозаразен со корона вирус.

Истовремено починаа 27 пациенти заболени од Ковид-19.

На респиратори има 132 пациенти.

Порано денеска, епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ им порача на граѓаните да се вакцинираат затоа што тоа е единствена сигурна заштита од вирусот и од евентуални компликации кај заразените.

Тој најави дека Кризниот штаб ќе расправа за состојбата во училиштата, но и за ковид-пропусниците.

Епидемиолошката состојба во Србија се влошува, а тоа влијае на ограничувањето на движењето за граѓаните на Србија, кои сакаат да одат во странство. Австрија денеска донесе одлука и Србија да ја стави на „црвената листа“, а и Црна Гора од сабота применува поостри мерки за влез во земјата.