Најмасовни протести досега против мерките за Ковид во Турција


Повеќе од 2.000 Турци демонстрираа во Истанбул против официјалните мерки поврзани со коронавирусот, вклучувајќи вакцини, тестови и маски.

На најголемиот ваков протест досега во Турција, главно луѓе без маски извикуваа пароли, држеа плакати и знамиња на Турција и пееја песни во одбрана на, како што ги нарекоа, индивидуалните права, како одек на сличните собири против вакцинтеи во некои други земји.

„Оваа пандемија само продуцира уште повеќе ограничувања за нашите слободи и нема крај на тоа“, рече Ердем Боз (40), развивач на софтвер. “Маските, вакцините, тестовите за ПЦР може да станат задолжителни. Тука сме да го изразиме своето незадоволство од ова”.

Во понеделникот владата започна да бара доказ за вакцинација или негативен тест за Ковид -19 за сите корисници на меѓуградски авиони, автобуси и возови, како и за оние што присуствуваат на големи настани како што се концерти или театарски претстави.

Од сите невакцинирани училишни вработени се бара да приложат ПЦР тест двапати неделно. Потребни се маски и социјално дистанцирање во јавност.

Околу 64% од Турците примиле две вакцини а вкупно  се аплицирани  повеќе од 100 милиони вакцини. Сепак, дневно се појавуваат околу 23.000 нови случаи, што го натера министерот за здравство, Фахретин Коца, да предупреди овој месец за „пандемија на невакцинирани“.

Во саботата, Коча на Твитер рече: “Вакцините се конечното решение! Правилата се многу неопходни”.