Милановиќ за убиството на семејството Зец: Тоа беше пљачка на богат месар


Хрватскиот претседател во вителот на обвинувања на 30-годишнината од ликвидацијата на српското семејство Зец во Загреб   Откако ја одликува поранешната премиерка Јадранка Косор, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека луѓето од нејзината поранешна партија се прават дека не постои. „Мило ми е што со овој мал гест успеав да го одбележам датумот на потпишување […]

Рокот на Хрватска за купување борбени возила од САД истекува во јануари


Соединетите Американски Држави ја известија Хрватска дека рокот за набавка на борбени возила од типот „Бредли“ истекува во јануари следната година. САД и понудија на Хрватска купување на 84 борбени возила со кофинансирање на набавката, помош во обуката и одржувањето на возилата, како и надградба на домашната компанија „Ѓуро Ѓаковиќ“. „Програмата за набавки на Бредли […]

Во Словенија падна снег и до 80 сантиметри


Во Словенија паѓа обилен снег, а во северозападниот дел на земјата е формирана снежна покривка која достигна и до 80 сантиметри. Поради снежните врнежи прекинато е снабдувањето со електрична енергија во некои делови на Корушка и Штаерска, а имаше и проблеми во сообраќајот. До утрово во Горење наврнаа од 15 до 40 сантиметри снег, а […]

Промените во Грција околу сертификатите за вакцинација и прележан Ковид-19 се однесуваат и на туристите


Грција– Забрана за влез во затворени простори за лицата над 60 години кои не примиле трета доза, а поминале седум месеци од вакцинацијата, што стапува во сила од понеделник и намалување на три од шест месеци на потврдата за прележан Ковид-19 од февруари следната година, се двете нови мерки во Грција, а важат и за […]

Воздухопловната база во Кучово ќе биде база на НАТО


Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши по денешната седница на владата информираше дека првите денови од јануари 2022 година ќе започне реконструкцијата на воздухопловната база во Кучово, која ќе биде база на НАТО за опрема, логистика, обуки и вежби. -Со денешната одлука ја заокружуваме регулаторната и законската рамка и го отвораме патот за почеток на […]

Грција ја намалува од шест на три месеци важноста на потврдата за прележан Ковид-19


По препорака на надлежната комисија на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, важноста на потврдата за прележан Ковид-19 во земјата, се намалува од 180 на 90 дена, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретниот амандман веќе е доставен во грчкиот Парламент и предвидува потврдата да важи само доколку лицата прележале Ковид-19 во изминатите три […]

Хрватска го донесе буџететот за следната година, од 450 амандмани прифатени само девет


Хрватскиот Сабор во средата со мнозинство гласови го изгласа државниот буџет за следната година со проекции за 2023 и 2024 година, јави Хина. За буџетот гласаа 77 пратеници од парламентарното мнозинство, еден повеќе од потребните 76, а против беа 49 опозиционери. Со неколкучасовно гласање, Саборот ја потврди одлуката на Владата да прифати само девет од […]

Итна средба во бугарскиот Парламент откако една од партите одби да го потпише коалицискиот договор


Една од партиите се спротивстави на коалицискиот договор, поради што неопходно беше одржување итен состанок во зградата на Народното собрание на Бугарија, за БТВ соопшти поранешната претседателка на 45. и 46. Собрание Ива Митева од партијата „Има таков народ“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Митева тие внимателно го прочитале договорот и […]

Фирма на косовски Србин, регистрирана во Бугарија, е меѓу санкционираните по законот „Магнитски”


Фирма на косовски Србин, регистрирана во Бугарија, е меѓу компаниите санкционирани од САД во рамките на новите активности согласно глобалниот закон „Магнитски“, се наведува во соопштението на американското Министерството за финансии. Како што јави дописникот на МИА од Софија, санкциите се насочени против криминална група активна на северот на Косово, а предводена од браќата Звонко […]

Вучиќ попушти по протестите – повлечен законот за експропријација


Српскиот претседател вината ја префрли врз министрите коли имале „постојана манија да се мешаат во сѐ“    Владата на Србија донесе одлука за повлекување на Законот за експропријација од собраниска процедура, кој беше вратен во Собранието на Србија на повторно разгледување од претседателот Александар Вучиќ. Владата на Србија ќе анализира дали се неопходни измени на […]

Нови неволји за можниот бугарски министер Гардев – татко му имал бизнис со Васил Бошков, кој е под санкции на САД


Уште официјално не ни претставен како можен иден шеф на бугарската дипломатија, Димитар Гардев се соочи со проблеми во неговото биографско портфолио. Таткото на пратеникот на Има таков народ, Гардев – Стојан Гардев бил партнер на бизнисменот Васил Бошков кој е под санкции на САД поради корупција според „законот Магнитски“, објави истражувачката веб-страница Bird.bg. Тие […]

Србија се помрдна во преговорите со ЕУ, доби зелено светло за отворање на кластерот 4


На денешниот редовен состанок на постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ во Брисел (КОРЕПЕР) беше потврдена одлуката за отворање на Кластерот 4 – Зелена агенда и одржливата поврзаност, односно одлуката за отворање четири нови преговарачки поглавја во преговорите со Република Србија: 14 Транспортна политика, 15 Енергетиката, 21 Трансевропски мрежи и 27 Животна средина и климатски […]

Албанија со најголема сиромаштија во регионот


Пандемијата и катастрофалниот земјотрес што земјата ја погоди во ноември 2019 година, ја зголемија сиромаштијата во Албанија и таа и понатаму е највисока во регионот. Во 2020 година една третина од населението живеело со помалку од 5,5 долари дневно. -Во Албанија, во 2020 година, што се совпаѓа со кулминацијата на пандемијата со Ковид-19, една третина […]

Асен Василев ќе биде суперминистер, но Петков ќе му дише во врат


Асен Василев ќе стане министер за финансии и вицепремиер задолжен за енергетика и економија, нешто како суперминистер“, изјави Кирил Петков во интервју за Шпигел.  Oвој детал за идната структура на можната коалициска влада не е објавен во Бугарија, но минатата недела бил споделен со германскиот магазин.  Во интервјуто „Продолжуваме со промените“ новинарот ја нарекува партија.Според […]

Бодо Вебер очекува промена во односот на Берлин кон Вучиќ


Со доаѓањето на власт на новата коалициска влада во Германија може да се очекува промена на односот кон српскиот претседател Александар Вучиќ, оцени Бодо Вебер од берлинскиот центар за политики на демократизација. Според него, германските власти ќе инсистираат на поголемо почитување на демократските принципи и владеењето на правото во земјата. Зелените ќе имаат многу поголемо […]

Кандидатот за нов шеф на дипломатијата на Бугарија си ја лажирал биографијата


Димитар Гардев, кандидатот на партијата Има таков народ за функцијата нов министер за надворешни работи на Бугарија, се чини дека лажел во своето официјално CV за позицијата што ја извршувал како вработен во Европскиот парламент. Откритието, кое го објави „Еурактив“, веројатно ќе ги вознемири коалициските партнери кои преговараат за формирање нова влада по изборите на […]

Вучиќ нуди помош за отстранување на Додик


Српскиот претседател Александар Вучиќ понудил преку американскиот лобист и поранешен амбасадор во Германија Ричард Гренел да помогне во отстранувањето на српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, пишува  весникот „Вијести“. Според весникот, Гренел на 1 декември имал средба со група републикански конгресмени во хотелот „Трамп“ во Вашингтон, на која присуствувал и српскиот […]

Ескобар: САД го поддржуваат спроведувањето на договорот од дијалогот меѓу Белград и Приштина


Единствениот начин за постигнување договор меѓу Белград и Приштина е дијалогот, изјави американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар за Н1. Според него, САД го поддржуваат спроведувањето на постигнатите договори, но и „забрзаниот пристап кон конечен договор“. – Дијалогот е механизам преку кој треба да разговараат за разликите. Него го води ЕУ…Ние не сме […]

Уште 60 жртви на Ковид-19 во Хрватска


Високиот број починати секојдневно во Хрватска не престанува. Денеска се забележани уште 60 смртни случаи од последиците на корона виурсот. Регистрирани се 3.262 нови случаи на зараза со Ковид-19, а бројот на активни изнесува 25.107. Од нив 2.436 пациенти се лекуваат во болница, од кои пак 319 се на репсиратор. Од почетокот на пандемијата досега […]

Западен Балкан се придружува кон „Хоризонт Европа“


 Европската комисија потпиша договор со четири земји од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија, како и Израел и Грузија, кои од сега стануваат партнери во програмата Хоризонт Европа. За периодот 2021-2027, БИХ , Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Израел и Грузија стануваат придружни партнери во програмата. Косово е новата земја од регионот што се приклучува […]