Уште 60 жртви на Ковид-19 во Хрватска
Високиот број починати секојдневно во Хрватска не престанува. Денеска се забележани уште 60 смртни случаи од последиците на корона виурсот.
Регистрирани се 3.262 нови случаи на зараза со Ковид-19, а бројот на активни изнесува 25.107.
Од нив 2.436 пациенти се лекуваат во болница, од кои пак 319 се на репсиратор.
Од почетокот на пандемијата досега во Хрватска од корона вирус заболеле 635.027 лица, од кои 11.329 починаа, а оздравеа 598.591 лица.
Тестирани се вкупно 3.522.521 лица, а 10.244 во последните 24 часа.
До вчера, вакцинирани биле 54,47 отсто од вкупното население.