ДПС нема да го поддржи Румен Радев за втор претседателски мандат  


Парламентарната партија Движење за права и слободи нема да го поддржи Румен Радев на претстојните претседателски избори во Бугарија, изјави пратеникот од партијата Јордан Цонев во емисијата „Панорама“ на Бугарската национална телевизија. Според дописникот на МИА во Софија, причина за одлуката бил дијалогот меѓу претседателот Радев и лидерот на ДПС Мустафа Карадај за време на […]

Конституиран десеттиот плурален албански законодавен дом, прв парламентарец македонска снаа, политичките тензии се зголемуваат


Со политички тензии, не само меѓу опозицијата и владејачкото мнознство, туку и во редовите на опозицската Демократска партија, вчера претпладне започна со работа десеттиот состав на албанскиот законодавен дом, со враќање на опозицијата во собраниската сала, која ја напушти во февруари 2019 година. Според Деловникот, како највозрасна меѓу народните избраници, седницата ја водеше Лулјета Бозо […]

Линдита Никола – нова претседателка на албанскиот Парламент, опозицските пратенци ги кинеа гласачките ливчиња


На продолжението на првата седница на албанскиот парламент, доцна попладнево беа верификувани мандати на 140-те пратеници, меѓу нив и на Сали Бериша, кој откако дадоа заклетва, ја напушти собраниската сала. Седницата продолжи со изборот на претседател. Предлогот за Линдита Никола го дадоа 16 пратенички од социјалистичката партија и лидерот Еди Рама. На тајното гласање учествуваа […]

Во Црна Гора нови ковид мерки, приоритет вакцинацијата


Министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ Бојовиќ изјави дека здравствените власти одлучиле да и дадат приоритет на имунизацијата, наместо полициски час на територијата на државата, јави РТЦГ. – Новина е што во иднина, статусот на делумна вакцинација (една доза) нема да се признава и дека ќе можеме да влеземе во трговски центри само […]

Електронскиот попис во Бугарија никако да профункционира


Претседателот на Националниот институт за статистика (НСИ) на Бугарија, Сергеј Цветарски, е повикан пред Парламентарната комисија за дигитализација и информатичка технологија во Парламентот за да даде  објаснувања за проблемите со електронскиот попис на населението. Пописот требаше да започне на 7 септември, но веќе трет ден граѓаните не можат да се пријават на специјално креираната страница […]

Грција ги прати на принуден неплатен одмор лекарите што не се вакцинираат


 Решенија за принуден, неплатен одмор досега добиле 5.305 невакцинирани вработени во здравството во Грција, соопшти алтернативната министерка за здравство Мина Гага, јави дописничката на МИА од Атина. -Во болниците лекарите се 2,1 отсто, односно 447 од вкупно 21.000, од медицинските сестра се 2.700 од вкупно 40.000, а од административниот персонал се 879 од вкупно 11.960 […]

Седум грчки региони во црвената зона со дополнителни рестрикции


Полициски час од еден часот по полноќ до 6 часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден се воведуваат во уште два региони во Грција, а се продолжуваат во уште пет области, јави дописничката на МИА од Атина. Од рано утрово, половина од полуостровот Пелопонез е во црвената зона, […]

Словенија воведува нова мерка: Сите вработени во јавниот сектор мора да се вакцинираат


  Словенечкиот министер за економија Здравко Почивалшек најави во четвртокот дека сите вработени во јавниот сектор кои работат директно со други луѓе мора да бидат вакцинирани или да имаат потврда за прележан Ковид-19. Оцени дека веќе требало да се преземат такви чекори и дека по тоа прашање треба да се има цврст став, пренесе СТА. […]

Микис Теодоракис погребан на островот Крит


Под звуците од неговата музика, со аплаузи од присутните и во присуство на државниот врв, познатиот грчки композитор денеска во градот Ханија на островот Кртит, беше испратен во неговиот вечен дом, јави дописничката на МИА од Атина. Местото на погребот го избрал самиот Теодоракис, а неговата желба се исполни со судска одлука, откако претходно семејството […]

Четници се степале на хуманитарна изложба во Нови Сад, едните биле Еко, другите Њу ејџ


Две групи четници се степале минатиот петок на изложба во Нови Сад, која се одржувала во Кинескиот кварт. Изложбата Avenue of Memes била од хуманитарен карактер. Двете групи, Еко-четници и New age четници се судриле на 3 септември, а големиот инцидент бил спречен од обезбедувањето, пишуваат медиумите во регионот. Звучи како добра шега, но овие […]

Експлозија во Загреб, повредено едно лице


  Непознат сторител, синоќа околу 2.20 часот во Загреб, главниот град на Хрватска, активирал засега непозната екслозивна направа, која оштетила неколку автомобили. Едно лице е повредено и превезено во болница. Не е позната тежината на повредите. Увидот е во тек, јавува загрепската полиција.

Во Србија се гради фабрика за вакцини на „Синофарм“


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ќе присуствува на церемонијата за полагање камен-темелник, за изградба на фабрика за производство на вакцини на „Синофам“. Објектот се гради со заедничко вложување на Србија, Кина и на Обединетите Арапски Емирати. Фабриката ќе се гради во земунската населба Соко Салаш, во делот на индустриската зона „Автопат“.

Гори фабрика за пелети во Пирот, Србија


Пожарникарите се борат да го изгасат пожарот што изби во некогашната фабрика за детски мебел „Столар“ во Пирот, Србија, каде сега се произведуваат пелети. Огнот гори во една од производствените хали на неколку стотини квадрати. За сега нема информации што го предизвикало пожарот и дали евентуално има повредени во пожарот. Синоќа, на неколку стотини метри […]

Косово: Убиени во меѓусебна пресметка актуелен и поранешен кандидат за градоначалник од иста партија


Две лица се убиени во синоќешната престрелка во градот Пеќ во западно Косово, а според информациите кои ги објавија домашните медиуми, станува збор за пресметка меѓу лица од една иста партија – опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), јави дописникот на МИА од Приштина. Повеќе извори објвија дека во вооружениот инцидент, во меѓусебна пресметка со […]

Меркел на 13 септември во Белград, на 14-ти во Тирана со лидерите од Западен Балкан


Германската канцеларка Ангела Меркел в понеделник, на 13 септември ќе го посети Белград, објавен е на веб-страницата на канцеларката, јави дописникот на МИА од Белград. Меркел во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, со кој, како што е најавено, ќе разговара за политичката и економска соработка, како и за евроинтеграциите. Планирана е […]

Инцидент во ковид болница – средство за дезинфекција во респираторите на двајца пациенти


Поради пропуст на персоналот во одделот за Ковид во болницата во Крушевац, Србија, средство за дезинфекција влегло во два респиратори. За среќа, медицинскиот персонал навремено го забележал проблемот со дестилирана вода и реагирале, па пациентите поврзани со респираторите поминале без последици, пишуваат медиумите во соседна Србија. Директорот на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, Зоран Перишиќ, […]

Силен земјотрес од 4,3 степени во близина на Зеница во БиХ, тресело околу 20 секунди


Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на Жепче во Босна и Херцеговина во средата   Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина во средата. ЕМСЦ првично објави дека јачината на земјотресот била 3,6, но набргу ја зголеми јачината на земјотресот […]

Рама ги предупреди студентите доколку не се вакцинираат, нема да влезат на универзитет


Албанскиот премиерот Еди Рама побара од студентите да не потклекнуваат на теориите на заговор и ги предупреди дека доколку не се вакцинираат против Ковид-19, нема да може да влезат во универзитетските простории. Тој оцени дека ако Албанија денес има стабилност и е многу подобра од многу други, тоа доаѓа како резултат на вакцинацијата која започна […]

Невакцинираните ученици во Грција ќе добијат бесплатни селф тестови


Во пресрет на новата учебна година што започнува во понеделник, невакцинираните ученици во Грција од денеска имаат можност од аптеките да подигнат шест бесплатни селф тестови, што се задолжителни два пати седмично за следење на наставата, јави дописничката на МИА од Атина. Како и минатата учебна година, кога по карантинот се отворија училиштата, така и […]

Невакцинирани само петмина грчки пратеници


Од 300 членови на грчкиот Парламент, невакцинирани се само пет пратеници, кои за да присуствуваат на седниците, потребно ќе биде два пат седмично да се тестираат, јави дописничката на МИА од Атина. Информацијата дека 295 пратеници се вакцинирани ја соопшти првиот потпретседател на Парламентот Никитас Какламанис, објаснувајќи ги и условите за невакцинираните. Темата ја отвори […]