Асен Василев ќе биде суперминистер, но Петков ќе му дише во врат 08/12/2021 12:06 Асен Василев и Кирил Петков Асен Василев ќе стане министер за финансии и вицепремиер задолжен за енергетика и економија, нешто како суперминистер“, изјави Кирил Петков во интервју за Шпигел. Oвој детал за идната структура на можната коалициска влада не е објавен во Бугарија, но минатата недела бил споделен со германскиот магазин. Во интервјуто „Продолжуваме со промените“ новинарот ја нарекува партија.Според Петков, не се тоа, туку „проект за владеење со Бугарија“ кој во судот не е заведен како политичка партија бидејќи немале време за тоа, бидејќи се формирани во септември. „Јас и Асен работиме на принципот на двојна контрола – ниту една одлука не се носи без одобрение на другиот. Тоа делува како форма на контрола и баланс. Се користи терминот проверки и рамнотежи, според кој одредени делови од владата се овластени да ги контролираат и, доколку е потребно, да ги запрат дејствијата на другите; тоа исто така делува како поттик за споделување на власта и таа не концентрирана на едно место“, го објаснува идниот стил на владеење Петков, кој наиде на чудење во Бугарија. Запрашан каде би се ставиле како млада партија на политичкиот спектар, тој одговори: „Не е лесно да нè дефинирате – ние не сме ниту десни ниту леви. И ова е добра работа, бидејќи ако се уште верувате во идеологии, навистина не го користите вашиот мозок“, рече Петков. Но, по инсистирањето на новинарот кој е основниот идентитет на партијата Петков вели: „Можеби сме сосема нова партија, но нашите гласачи можеа да не тестираат Асен и мене како министри во преодната влада. Тие го прифатија нашето противење на корупцијата како ветување. Нашиот заштитен знак мора да биде тоа дека ги одржуваме нашите ветувања. Не можеме да ветиме дека секој може да се збогати, но можеме да им ветиме на граѓаните дека ќе работиме напорно и дека ќе има нулта толеранција за корупција. Немилосрдно ќе го спроведуваме законот. Сакаме да ја трансформираме етикетата за корупција која и е залепена на Бугарија во нешто позитивно – дека ова е земја која го надмина овој проблем“. Но, тој не дава јасен одговор како ѓе се справи со луѓето на Бојко Борисов во администрацијата и специјалните служби. Петков одговара дека од 1989 година на сцената секогаш доминирале истите политички манипулатори и луѓе врзани за пари. „Можеме ли да ги запреме? Ќе видиме“, вели тој. Запрашан дали тој лично поддржува истрага за Борисов и неговата екипа, Петков се огради дека е против повикување на истрага за конкретни лица. „Ние поддржуваме целосно независно и ефикасно судство. Ни треба беспрекорен јавен обвинител. Најдобро е сегашниот доброволно да поднесе оставка“, вели Петков. На забелешката на новинарот дека неговиот оптимизам изгледа „заразно, но и наивно“, тој додаде: „Кој би помислил пред 8 месеци дека ќе победиме на изборите? Ние сме оптимисти, вистина е. Но, повеќето функционери во министерствата не се корумпирани. Станува збор само за неколку луѓе. Треба да се ослободиме од овие неколку скапани јаболка “, вели Петков. Запрашан „колку е цврста демократијата во Бугарија кога партија како вашата победи на избори само неколку недели по нејзиното основање“, Петков одговори дека „добра вест е што на луѓето им е преку глава од сите други“. На прашањето пак зошто Романија, уништена од владата на Чаушеску, денес е економски подобра од Бугарија, одговорот беше „затоа што кај нас субвенциите се лошо менаџирани – тие одат или во приватни џебови или во погрешни проекти, но четирите месеци додека бевме дел од преодната влада економскиот раст беше 10 отсто“. Поврзани содржини ЕИБ обезбедува 100 милиони евра за голема соларна електрана во Романија 02/10/2026 19:10 Истражување на „КУЛТ“: Младите во БиХ сè помалку учествуваат на изборите – само 3,1 отсто имаат доверба во политичките партии 02/10/2026 18:10 Авиони „МиГ-29“ и „Ф-16“ ќе го придружуваат воениот авион со коските на цар Самоил 02/10/2026 11:10 Грлиќ Радман : Имотот од 2,7 милијарди долари и заштитата на Хрватите се услов за ЕУ-интеграцијата на Црна Гора 02/10/2026 07:10 Албанскиот премиер до американските демократи: Не користете нѐ нас за одмазда против Трамп 01/10/2026 21:10 Во планинско село кај Ретимно на Крит наврнал 361 литар дожд на квадратен метар 01/10/2026 19:10 Легендарниот „Ориент Експрес“ по вторпат годинава се упати кон Истанбул 01/10/2026 17:10 Еколошка катастрофа: Тони риба оставени без вода во Албанија 01/10/2026 15:10 Најчитани „Херојски“ пилот, водоводџија и стоматолог меѓу оние што го спасија летот на „Флајдубаи“ до Израел 01/10/2026 15:53 БГНЕС: Мицкоски направи историски гаф, ги помеша датумите за враќањето на Гоце Делчев 03/10/2026 15:36 Мицкоски: Не сум задоволен од пораките на Лајен 03/10/2026 12:29 Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Американски интерес е Македонија да се приклучи кон ЕУ 01/10/2026 13:13 Романски функционери со платен авион отишле на Миконос на средба со американски инвеститори 29/09/2026 16:39 Студентите сместени во „Стив“ конечно ќе може да се перат – нема веќе праќање алишта дома 30/09/2026 13:37