Рама за ценовната криза во Албанија: Мора да се подготвиме за секое сценарио


Албанскиот премиер, Еди Рама денеска на прес-конференција зборуваше за растот на цените и за ситуацијата во Албанија, погодена од конфликтот во Украина. Рама рече дека зголемувањето на цената на нафтата не зависи од владата, зашто цените растат насекаде во Европа. Тој додаде дека Европа е во војна, нагласувајќи дека иако во Албанија не се војува, […]

Социјалистите добија пет, Бериша еден градоначалник, од Баша се бара оставка


По неделните делумни предвремени избори во шест општини во Албанија, нови градоначалници во пет од нив се кандидатите на владејачката Социјалистичка партија, додека во една кандидатот на крилото на демократската партија, предводено од Сали Бериша, кој настапи под слоганот на коалицијата „Дом на слободата“. Нови градоначалници се социјалистите Рахим Спахиу во Пешкопеја, Емириана Спахо во […]

Улицата во Тирана каде се наоѓа и руската амбасада го доби името „Слободна Украина“


Албанија – По предлог на градоначалникот Ерион Велиај, на попладневната вонредна седница, Советот на општина Тирана, доднесе одлука улица во албанската метропола да се именува „Слободна Украина“. Станува збор за дел од улицата во блокот каде што се наоѓаат амбасадите на Украина, на Русија, на Србија и на Косово. Велиај изјави дека солидарноста на Албанија со […]

Лидерот на бугарската партија „Преродба“ доби 10-годишна забрана за влез во Украина


Бугарија – На лидерот на бугарската националистичка партија „Преродба“, Костадин Костадинов, му е забранет влезот во Украина. -Забраната е изречена за период од 10 години, кажа  Костадинов. Како што јави дописникот на МИА од Софија, лидерот на најмалата парламентарна партија во бугарскиот Парламент викендов бил во посета на Украина и Молдавија меѓу Бугарите од Бесарабија. Костадинов […]

Просветните работници во Словенија стапуваат во штрајк


 Околу 40 илјади вработени во словенечките училишта, градинки и факултети в среда стапуваат во штрајк, откако владата не одговори на најавените кон средината на февруари барања за порамнување на платите, потврди денеска Бранимир Штрукељ, генералниот секретар на Синдикатот за образование, наука и култура на Словенија. Штрукељ, на прес-конференција денеска, кажа дека генералниот штрајк, за што […]

Србија ќе одговори ако почне забрзан прием на Косово во меѓународните организации


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека доколку започне забрзаниот прием на Косово во меѓународните организации, Србија ќе изненади со својот одговор и ефикасност, јави дописникот на МИА од Белград. -Оној ден кога ќе бидат примени во која било меѓународна организација, тоа значи дека го поништиле договорот од Вашингтон и тој ден ќе ги […]

Вучиќ пред невозможен избор – на кое столче да седне


  Овој пат дури и Александар Вучиќ се бори да биде и ваму и таму. Српскиот претседател со години се обидуваше да одржува пријатни односи со Русија на Владимир Путин, а истовремено да негува врски со Европската унија, на која неговата земја сака да се приклучи, и со Западот пошироко. Но, руската инвазија на Украина […]

Стручњаците стравуваат од избивање епидемија од сипаници на Балканот


Покрај тоа што го вакцинирала своето прво дете, Вања одлучила својот помал син да не го вакцинира против сипаници. Таа е психолог, што живее во Подгорица, главниот град на Црна Гора, вели дека се предомислила откако прочитала многу работи во онлајн групата на која ѝ припаѓа. „Немам доверба во системот за вакцинација. Ни недостасуваат информации […]

Пронајденото тело во Дунав не е на Матеј


  Обдукцијата на деловите од телото пронајдени во Дунав кај Костолац завршена е вчера, дознава Телеграф.рс. Се работи за маж со покрупна градба, најверојатно спортист. „Ќе биде поднесена иницијатива до полицијата да се добие ДНК профил“, вели извор за Телеграф. Тогаш би требало да се дознае иденитетот на мажот. Ненад Периш: Не се работи за […]

Грчко МНР: Неприфатливи се изјавите на портпаролката на руското МНР


Неприфатливи ги карактеризираше портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану, изјавите на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова, која говореше за „антируска информативна кампања во Грција“, став кој на социјалните мрежи го сподели руската амбасада во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција во […]

И Додик како Вучиќ- и за Украина, и за Русија


Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека Република Српска го почитува територијалниот интегритет на Украина, повикува на мир, но не е подготвена да воведе санкции кон Русија. „Ние не сме подготвени Русите, каде и да се, да ги направиме цел на прогон, како што тоа го прават некои на Запад, покажувајќи го […]

Петков барал да си одат шпионите што глумат дека се руски дипломати


Во интервју за БТВ, бугарскиот премиер Кирил Петков соопшти дека побарал од руската амбасадорка во Софија Елеонора Митрофанова сите од aмбасадата кои не се дипломати и се агенти,  да бидат вратени во Москва за да ја увери Бугарија дека такви скандали нема да се случуваат повеќе. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков […]

Руската амбасадорка во Софија му се извини на премиерот Петков


  Руската амбасадорка во Софија Елеонора Митрофанова му се извини на бугарскиот премиер Кирил Петков. Ова се случи откако Министерството за надворешни работи протестираше против објавата на амбасадата на Фејсбук, во која дипломатската мисија го користи терминот „евроатлантски бази“, во која се опишува суспензијата на руските сајтови во Бугарија. Во соопштението на прес-службата на владата […]

Излезноста на гласањето во шест општини во Албанија до 16 часот 25,23 отсто


 Гласањето за градоначалници во шесте општини во Албанија се одвива без проблеми но со ниска излезност, која до 16 часот е 25, 23 отсто, од вкупно запишаните 648.576 гласачи. – Гласањето минува без проблеми. Од вкупно 942 избирачки места, само во три, во општина Скадар гласањето не почна поради непроодност на патиштата поради обилните снежни […]

Петков побарал од руската амбасада да не се меша во земјата


Бугарскиот премиер Кирил Петков остварил разговор со амбасадорката на Русија во Софија, Елеонора Митрофанова, соопшти прес-центарот на бугарската влада. Петков ја повикал руската амбасадорка во Бугарија да се придржува до општоприфатените норми за дипломатска комуникација и побарал таа да се однесува со должна почит и да не користи навредливи квалификации кон бугарските институции. Амбасадорката Митрофанова […]

Протести за поддршка на Украина во Белград и Нови Сад


Група Руси, Украинци, Белоруси и Срби и Младинската иницијатива за човекови права денеска организираа антивоен протест против руската инвазија на Украина на Плоштадот на републиката во Белград. Според организаторите, собирот е и поддршка за „братските народи на Украина, Русија и Белорусија“ во нивната заедничка борба против војната, окупацијата и диктатурата, јави дописникот на МИА од […]

Ора њуз: Во регионот Албанија има највисоки цени на леб, млеко, јајца и месо


Албанија се соочува со поскапување на основните производи за широка потрошувачка за околу 10-20 лека и во споредба со земјите од регионот, е на прво место по високите цени на лебот, млекото, јајцата и месото. -Поконкретно ако во Албанија литар млеко чини 160 лека (122,6 лека = 1 евро), во Косово цената на овој производ […]

Александар Вучиќ кандидат на СНС за претседател на Србија


Кандидат на Српската напредна странка (СНС) на престојните претседателски избори во Србија. закажани за 3 април, ќе биде лидерот на партијата, Александар Вучиќ, што тој денес и го прифати на седница на претседателството на СНС, јави диописникот на МИА од Белград. -СНС донесе одлука да го кандидра Александар Вучиќ за претседател на Србија на изборите […]

Актуелните правила за влез во Грција продолжени за уште две седмици, од 15 март се укинува PLF формуларот


Европски сертификат за вакцинација, европска потврда за прележан Ковид-19 или негативен резултат од ПЦР/рапид тест и понатаму се задолжителни за влез во Грција, правила кои важеа и во изминатиот период и се непроменети и продолжени за уште две седмици до 21 март 2022 година, а воедно се однесуваат и на туристите од Северна Македонија, јави […]

Во шест општини во Албанија, со одредени проблеми, се гласа за градоначалници


Во Албанија денеска се одржуваат делумни локални избори, на кои 654.538 лица со право на глас избираат градоначалник во шест општини, Драч, Рогожина, Вора, Пешкопеја, Љушња и Скадар. Според Централната изборна комисија, со одредени проблеми поради непристапните патишта во планинските населени места, условено од обилните снежни врнежи гласањето во поголемиот дел почнало во 7 и […]