Министерот Вулин го нападна амбасадорот Хил дека е „арогантен“


Александар Вулин

 

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, реагирајќи на неговото денешно интервју, му порача на американскиот амбасадор, Кристофер Хил, дека „Србија ќе оди по својот пат, а амбасадорот (Хил) треба да управува со оние кои тоа го дозволуваат.

Србија е слободна и успешна земја и не треба да одлучува за ништо друго освен за себе. И ако критериумот за определување на Србија е кој не убиваше, а кој не, кој го призна т.н. Косово, а кој не, се плашам дека господинот Хил нема што да каже во своја одбрана. Не барајте сосила Србите да се определат, може да ве повреди нашиот избор“, се вели во писмената изјава на Вулин.

Кристофер Хил во днешното интервју за „Политика“ изјави дека е дојдено време Србија да одлучи што сака, а дека за неа постои само еден пат – Западот и ЕУ.

Вулин додаде: „За лојалноста кон оние кои нѐ бомбардираа, Србија беше наградена со прогласување независност на таканареченото Косово, масовни екстрадиции во Хашкиот трибунал, намалување на надлежностите на Република Српска, шљачкашка приватизацијата, невработеност, беда и социјална неправда“.

Според него, „откако Александар Вучиќ ја поведе Србија не на Запад, туку на српскиот пат, Србија повторно е држава, а не територија, а Александар Вучиќ е државник, а не управител на логор поставен од окупаторите“.

„Ароганцијата на американскиот амбасадор нѐпотсетува дека Хил беше извршител на политиката на санкции, силувања и бомбардирања и на Република Српска и на Република Србија. Тој не гледа никаков проблем ниту вина во тоа“, рече Вулин. (Бета)