Сплит се прости од Матеј Периш – факели и шпалир од бродови за последeн поздрав
Хрватска- Матеј Периш е погребан во Сплит во кругот на семејството, според желбата на неговиот татко Ненад. Пријателите и сограѓаните во голем број се простија од Матеј синоќа во 20.30 часот на сплитската Рива.
Таткото на Матеј, Ненад, кој беше на еден од бродовите ја искористи можноста да им се заблагодари на сите што помогнаа во петмесечната потрага по неговиот син.
Во чест на Матеј, кој беше скипер, беше направен шпалир од бродови во близина на пристаништето. На бродовите беа запалени факели, а потоа се слушнаа труби во знак на последен поздрав.

“Сакаме да го испратиме достоинствено, со надеж дека ќе биде меѓу нас засекогаш и ќе не гледа од подобро и поубаво место. Му благодариме што беше пријател каков што само може да посакаме. Никој од нас никогаш нема да заборави“, рече еден од пријателите на Матеј во разговор за Слободна Далмација.