Анкета: Дури 73 отсто од Хрватите се против забрана на абортусот

Против забрана на абортусот не се само бирачите на левите и либералните партии, туку и оние од целиот десничарски корпус


 

Случајот со трудницата Мирела Чавајда го покрена прашањето за законско регулирање на правото на абортус во Хрватска. Новото истражување презентирано вечерва на Хрватската телевизија покажува дека огромни 73 отсто од Хрватите се против забрана на абортусот. Ова е главниот резултат на истражувањето на „ХР Рејтинг“ спроведено од 16 до 19 мај на примерок од 1.400 испитаници. Грешката во примерокот е +/- 2,62 проценти, а веродостојноста на истражувањето 95 проценти, пишува ХРТ.

Хрватските политичари долги години зборуваат дека абортусот е идеолошко прашање и дека значително го поларизира хрватското општество. Но резултатите од истражувањето покажуваат дека тоа воопшто не е така. Само 15% од испитаниците сметаат дека абортусот треба целосно да се забрани во Хрватска, а за дури 73% од забраната е неприфатлива. Околу 11% од испитаниците се неутрални – ниту се согласуваат ниту не се согласуваат.

Прво и основно е дека против абортусот треба да се бори преку едукација и превенција, а не со забрани. Ова го кажале дури 83 отсто од испитаниците.

Вториот заклучок од анкетата, пишува ХРТ, е дека човечко право на жената е единствената да одлучува за своето тело, дури и кога е во прашање абортусот. Со ова се согласуваат 77% од испитаниците, а не се согласуваат близу 13 отсто. Уште поваќно огромни 75 отсто одговориле со „не“ на прашањето дали Црквата треба да биде вклучена во изготвувањето на новиот закон за абортус.

Анкетата покажа неочекувани резултати во однос на политичката определба и правото на абортус. Бирачите на левите и либералните партии во Хрватска се со огромно мнозинство против укинувањето на абортусот, но изненадувачки е што и поддржувачоте на десницата се за слободниот избор на жената. Попвеќе од 50 отсто против укинувањето на абортусот се и меѓу бирачите на ХДЗ, Мост, Татковинското движење и Хрватските суверенисти. Всушност, ниедна политичка сила не е да се укине правото на абортус.