Истрага во Софија за бугарска поврзаност со експлозијата на мостот на Крим


Вршителот на должноста премиер на Бугарија, Галаб Донев нареди итна истрага по објавувањето на информацијата дека камион натоварен со експлозив од Бугарија во саботата се разнел на мостот на Крим, соопшти владиниот портпарол Антон Кутев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Кутев, преодната Влада побарала информации од безбедносните служби за камионот што експлодира на […]

Ќе се пребројуваат гласовите за претседател на Република Српска, имало математички нелогичности


  На итната седница на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина беше донесена одлука за пребројување на гласачките ливчиња за претседател на Република Српска поради „неправилности и математички нелогичности“, соопшти ЦИК. „ЦИК утрово одржа колегиум на кој разгледуваше забелешки и приговори за текот на изборниот процес во РС за претседател и потпретседател на РС. […]

Првата седница на новоизбраниот бугарски парламент ќе биде на 19 октомври


 Претседателот на Бугарија Румен Радев соопшти дека ќе ја свика првата седница на новоизбраното 48. Народно собрание на 19 октомври 2022 година, соопшти неговата прес-служба. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев денеска го потпиша указот врз основа на чл. 75 од Уставот на земјата, откако Централната изборна комисија на 7 октомври го […]

Атинскиот аеродром и пристаништето Пиреа од денеска поврзани со директна метро линија


  За 55 минути од аеродромот во Атина ќе се стигнува до пристаништето Пиреа, со отворањето на новите три станици од една од линиите на атинското метро, со што  најголемиот грчки аеродром директно ќе се поврзе со најголемото грчко пристаниште, јави дописничката на  МИА од Атина. Според информациите од грчката влада, со трите нови станици […]

Нафтовод до Унгарија или до Македонија и Албанија засега е само можност, вели Михајловиќ


  За Србија најодржливо е сурова нафта да добива преку јадранскиот нафтовод ЈАНАФ, изградбата на нафтовод до Унгарија, што е прва опција, или до Албанија преку Северна Македонија, што е втора опција, засега се само можности, изјави српската вицепремиерка и министер за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, […]

Можна ли е коалиција на Борисов и Петков?


По два дена размислување, победникот на изборите во Бугарија, ГЕРБ тргна да формира коалиција, што е нормално во парламентарна демократија. Ненормалното е што тоа сака да го направи со „ Промените продолжуваат“ (ПП) и „Демократска Бугарија“ (ДБ) – оние чија влада ја собори со гласање недоверба пред три месеци и кои постојано ги обвинува дека […]

(Видео) Експлозија во зграда во Истанбул


Експлозијата се случила на третиот кат од трикатна станбена зграда во Истанбул, јавуваат турските медиуми. На местото на настанот пристигна гувернерот на градот Али Јерликаја. Според него, во експлозијата загинале три лица. A powerful explosion rocked the Kadikoy region on the Asian coast of Istanbul. #Istanbul #Turkey pic.twitter.com/qzTBMCp9Db — muhsin (@Io3iOn) October 9, 2022 Како […]

ПССЕ ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан


  Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), за време на есенската сесија која се одржува од 10 до 14 октомври ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан, јави дописникот на МИА. Расправата на пленарната сесија на ПССЕ е предвидена за вторник 11 октомври, според извештајот подготвен од грчкиот пратеник и поранешен […]

Од денеска бродска линија меѓу Солун и Измир


  Грчкиот град Солун и турскиот град Измир од денеска ќе се поврзат со бродска линија, преку траектот „Smyrna di Levante“, со кој управува приватната компанија „Levante Ferries“, јави дописничката на МИА од Атина. Траектот ќе сообраќа три пати седмично од Солун, во понеделник, среда и петок, а од Измир ќе поаѓа во вторник, четврток и […]

ОН: Украински бегалци ја напуштаат Бугарија поради несигурност


Многу украински бегалци ја напуштаат Бугарија поради зголемената неизвесност околу нивното сместување. Тоа го утврди Високиот комесаријат за бегалци на ОН, јави БНР. Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, во Бугарија влегле повеќе од 700 илјади луѓе, но во моментов останале нешто повеќе од 50 илјади од кои 80 отсто од […]

Пронајдени седум безживотни тела во близина на грчкиот остров Китира


  Во спасувачката акција на грчката крајбрежна служба во близина на островот Китира, пронајдени се безживотните тела на седум лица, по несреќата во средата вечерта, кога потона чамец со околу 95 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека кај Китира, островот што се наоѓа јужно од Пелопонез, вчера […]

Земјотрес со јачина од пет степени регистриран во Грција


  Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтер беше регистриран во близина на Коринтскиот канал, кусо по еден часот по полноќ по локално време, јави дописничката на МИА од Атина. Земјотрес беше почувствуван во повеќе делови на земјата, како и во Атина. Епицентарот, според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, бил во морскиот […]

Во Шпанија откриена работилница за лажни евра пласирани на пазарот, вклучително и Албанија


Албанија –  Во Шпанија е разбиена криминална група која фалсификувала евра при што постојат основи на сомнение дека мрежата се проширила и во Албанија и други земји на Балканот, јави дописничката на МИА од Тирана.   – Според истрагите, оваа група за помалку од три месеци испечатила осум милиони лажни евра во апоени од по 500 евра, […]

КФОР загрижен поради незаинтересираноста на косовските Срби да ги сменат регистaрските таблички


Косово– Заменикот советник на командантот на мисијата на НАТО во Косово – КФОР, Александер Алмо изјави дека КФОР е загрижен поради тоа што мошне мал број Срби решиле да ги сменат српските со косовски регистaрски таблички, додека рокот за да се направи тоа е до 31 октомври, јави дописникот на МИА од Приштина. Аламо на […]

Србија нема да дозволи членство на Косово во ОН и тоа ќе има свои последици


Србија –   Српскиот претседатела, Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија не може да дозволи Косово да стане членка на ОН, како што предлагаат Германија и Франција и дека тоа ќе има последици. Вучиќ во своето обраќање до нацијата како прва тема ја избра ситуацијата на Косово и најави дека ќе зборува и за енергијата, стандардите […]

По визната либерализација до 500.000 граѓани би можеле да го напуштат Косово


Србија  –   Професорот на Факултетот за политички науки во Приштина, Неџмедин Спахиу,  изјави дека во првата година по усвојувањето на визната либерализација, Косово може да го напуштат до 500.000 граѓани. Спахиу за агенцијата Бета изјави дека повеќето млади жители сакаат да заминат на Запад бидејќи не гледаат перспектива на Косово. „Речиси од секое семејство барем […]

Абазовиќ тврди дека го разрешил директорот на АНБ поради „специјална војна“ против членови на Владата


Црна Гора–   Премиерот на Владата на Црна Гора во технички мандат Дритан Абазовиќ изјави дека причината за разрешувањето на вршителот на должноста директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Саво Кентера е „специјална војна што се води преку безбедносните служби“ против одредени членови на Владата. „Одредени луѓе во АНБ се обидуваат да подготват или веќе […]

Румен Радев нејќе ни да чуе Бугарија да ѝ даде оружје на Украина или да ја поддржи за НАТО


  „Со целосно убедување не ја потпишав декларацијата за пристапување на Украина во НАТО, бидејќи тоа сега значи војна НАТО-Русија“. Со вакво објаснување бугарскиот претседател Румен Радев ја бранеше својата одлука да не им се придружи на деветмина свои колеги од Источна и Централна Европа (меѓу нив и Стево Пендаровски) кои го поддржаа влезот на […]

Курти: Решение за косовското здравство не е само спречувањето на одливот на лекари


Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека решение за незавидната состојба во која се наоѓа здравството во земјата не е само преземањето мерки за спречување на одливот на медицинските професионалци, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната собраниска седница, Курти рече дека решение е и враќањето на тие кои веќе заминале и изрази уверување дека […]

Србија планира диверзификација на нафтата преку изградба и поврзување со нафтоводот Дружба во Унгарија


  Министерството за рударство и енергетика на Србија соопшти дека по усвојувањето на осмиот пакет санкции на ЕУ во кои земјите од Западен Балкан не се изземени од забраната за увоз на сурова нафта од Русија по морски пат, ги разгледува сите можности да се обезбеди диверзификација на полето на снабдување со сурова нафта, јави […]