Бугарија се прекрши – ќе испрати воена помош за Украина

Против одлуката беа само социјалистите од БСП и националистите од Преродба. Бугарија ќе ѝ испрати на Украина само лесно оружје


 

По долги месеци натегања, стравувања и објаснувања Бугарија конечно одлучи да испрати воена помош за Украина со одлука на парламентот. За оваа одлука гласа 148 пратеници од ГЕРБ, Продолжуваме со промената, ДПС, Демократска Бугарија и „Бугарски подем, против беа 46 пратеници од БСП и Преродба, а еден од Продолжуваме со промената беше воздржан.

Не недостасуваше драма за време на расправата во собранието откако социјалистите од БСП се обидоа да ја прекинат седницата, а еден пратеник од партијата со својот телефон почна да ја пренесува во живо на социјалните мрежи дебатата која започна на затворена седница.

Одобрувањето на воената помош влезе како итна точка на дневниот ред на пратениците во петокот наутро. Претходната вечер воената помош беше одобрена на заеднички состанок на комитетите за одбрана и надворешна политика.

Бугарија има подготвено помош во мало оружје и муниција, а според министерот за одбрана Димитар Стојанов, таа ги задоволува потребите на Украина. Меѓутоа, Бугарија одби да испрати авиони и ракетни системи „С-300“, кои најмногу и требаат на Украина.

Како што јавуваат бугарските медиуми БСП побара претседателот Румен Радев да дојде во парламентот како врховен командант. Таа потсети дека шефот на државата бил против ова, па дури и ја нарече Демократска Бугарија „военољупци “.

Таа посочи дека мнозинството ќе донесе одлука, но важно е бугарскиот народ да знае кој се бори за мир и дипломатија и кој е дел од „Воената коалиција“.

БСП дури ги праша останатите пратеници дали ќе се пријават доброволци кога ќе стане неопходно да се испратат луѓе во Украина – предлог за кој никогаш не се разговараше.

Како одговор, копретседателот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, изјави дека се однесуваат апсолутно неодговорно.

„Разбирам дека сакате да се претставите заедно со Преродба како коалиција на мирот. За рускиот мир“, рече тој.