ЕК е подготвена да ја финансира изградбата на третиот мост меѓу Бугарија и Романија на реката Дунав


  Европската комисија е подготвена да ги оцени предлозите за кофинансирање на проектирањето и изградбата на третиот мост на реката Дунав кај Русе и Ѓургево и втората фаза од проектот за подобрување на пловидбата по Дунав, соопшти бугарското Министерство за транспорт. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на оваа тема станало збор за […]

Во Белград 600 бебиња добија физиолошки раствор наместо БСЖ вакцина


  Србија – Наместо БСЖ вакцина, 600 бебиња во ГАК „Народен фронт“ во Белград добија физиолошки раствор, соопшти новоименуваната министерка за здравство Даница Грујичиќ. Децата не се загрозени, вакцината ќе ја примат во наредниот период. Како што јави дописникот на МИА од Белград, министерката Грујичиќ одржа вонредна прес-конференција на која соопшти дека 600 бебиња на ГАК […]

Во Албанија инфлацијата во третиот квартал годинава осум отсто, највисока од 1998 година


  Гувернерот на Централна банка на Албанија, Гент Сејко, изјави дека земјата не ја заобиколиле финансиски кризи, додавајќи дека монетарниот стимул е клучен за кризата и дека тоа не се претворило во многу повисока инфлација, јави дописничката на МИА од Тирана. – Немавме недостиг на финансиски кризи. Консолидацијата на економската и доброволната стабилност ја поттикна […]

Додик: РС сигурно ќе замине и ќе ги однесе нејзините 49 отсто од БиХ


Српскиот член на Претседателството БиХ во технички мандат, Милорад Додик денеска повтори дека Република Српска сигурно ќе замине и со себе ќе ги однесе нејзините 49 отсто од БиХ, доколку не биде вратен Уставот на БиХ како што е договорен според Дејтонскиот договор. „Народот на Република Српска на величенствениот собир во Бања Лука јасно покажа […]

Фон дер Лајен денеска во Тирана, ќе се сретне со премиерот Рама


  Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ќе ја посети Тирана во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балкан.   Според официјалната агенда објавена од прес-службата на кабинетот на премиерот, во 14:30 часот ќе се одржи церемонијата на пречек на меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“. Потоа во 15:45 часот во кабинетот на […]

На британска територија само годинава илегално влегле над 12.000 албански граѓани


Најмалку 12.000 албански граѓани годинава илегално влегле на територијата на Велика Британија, а кулминација на движењето била забележана од јуни до октомври. ,,Британските пратеници со загриженост истакнуваат дека над 12.000 албански граѓани илегално со гумени чамци влегле на британска територија а врвот на движењето бил од јуни до октомври, потврдуваат податоците објавени од Комитетот за […]

За девет месеци Албанија ја посетиле над 6,4 милиони странски туристи


  Во периодот јануари-септември годинава, Албанија ја посетиле над 6,4 милиони странски туристи, што претставува зголемување од 31,8 отсто споредено со 2021 година јавија албанските медиуми, повикувајќи се на официјалната статистика објавена денеска. Околу 6 милиони од посетителите за цел на посетата изјавиле дена е туризам или посета на роднини. Најголем раст е забележан кај […]

Додик на митинг пцуеше и се закануваше: Еден ден ќе земеме 49 отсто од БиХ


  Лидерот на најголемата партија во Република Српска, СНСД, Милорад Додик, синоќа им се обрати на насобраните илјадници граѓани на плошатдот „Краина“ во Бања Лука во рамки на митингот „Татковината повикува“. Зборуваше за изборите, но и пцуеше, му упати порака на бошњачкиот лидер Бакир Изетбеговиќ и се закани: „Ќе одиме сигурно, а еден ден ќе […]

Промена на власта во седум општини во Црна Гора


  Според прелиминарните резултати од неделните локални избори во 14 црногорски градови, смена на власта се случи во седум општини. ДПС на претседателот Мило Ѓукановиќ беше на власт во осум од 14 градови каде што беа избрани локалните власти. Но, ДПС, како што сега стојат работите, ќе формира власт само во Бар, Плав и Биело […]

Ана Брнабиќ: Аца Лукас направи повеќе за Србија од Борис Тадиќ


  Мандатарката за состав на новата српска влада, Ана Брнабиќ, вчера направи бизарна споредба на поранешниот српски претседател Борис Тадиќ и една од перјаниците на турбо фолкот, Аца Лукас. Покажувајќи графикони во Собранието на Србија на вчерашното експозе, таа рече дека Лукас направил повеќе за Србија од Тадиќ. „Верувам дека Аца Лукас направи повеќе за […]

Во Грција потврдени случаи на новите подваријанти на омикронот-BQ.1 и BQ.1.1, кои се очекува да станат доминантни во Европа


Грција– Во Грција се потврдени вкупно 15 случаи на подваријантите BQ.1 и BQ.1.1 на сојот омикрон, за кои Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) очекува до средината на ноември и почетокот на декември да станат доминантни кај повеќе од половината потврдени случаи, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за подваријанти […]

Радев ги почнува консултациите за состав на новата влада


  Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска ја почнува серијата консултации во рамките на уставната процедура за формирање на нова влада на Бугарија, соопшти самиот. Како што јави дописникот на МИА од Софија, први на консултации ќе бидат повикани претставници од најголемата партија во народното собрание- ГЕРБ-СДС. Претседателот Радев најави дека нема да брза со консултациите […]

За 23 отсто зголемен бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Грција


Грција– За една седмица за 23 отсто се зголемил бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Грција, додека пак за четири проценти се намалил бројот на заразени, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Во периодот од 17 до 23 октомври 2022 година, биле регистрирани 52.966 […]

Укринскиот народ се бори за сите нас, рече Ненси Пелоси на Кримската платформа во Загреб


  Украинскиот народ се бори за демократија за сите нас, изјави во вторникот во Загреб претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси. „Крим е Украина“, нагласи Пелоси во својот говор. „За жал, сега знаеме дека дејствијата на Русија на Крим се само една димензија на сеопфатен напад врз Украина и демократијата“, додаде […]

Пленковиќ: Светот кој ја поддржува Украина не ја повтори грешката со Хрватска


Светот не ги повтори грешките од пред 30 години кога Хрватска немаше општо изразување на солидарност како што има Украина, изјави денеска хрватскиот  премиер Андреј Пленковиќ на отворањето на првиот парламентарен собир на Меѓународната кримска платформа. На состанокот во Загреб, на кој присуствуваат 42 делегации од 32 земји, Европскиот парламент, Советот на Европа, ОБСЕ и […]

Вучиќ барал од сменетата Михајловиќ ни случајно да не ја напушта СНС


  Откако беше објавено дека Зорана Михајловиќ повеќе нема да биде дел од владата на Србија, почнаа шпекулациите за нејзината политичка иднина. Дали ќе остане во Српската напредна партија (СНС) и ќе учествува во партиски активности е прашање на кое јавноста сѐ уште не добила одговор, а не добиле ниту нејзините сопартијци кои подвлекуваат дека […]

Кафулињата во Загреб и во Виена почнаа да наплаќаат дополнително за кафе под греалка


Едно кафуле во Загреб почна да наплаќа седење под греалки, а како што стојат работите, овој рецепт за намалување на трошоците ќе го применуваат многу ресторани. Кафето со греалка чини 14 куни, а без – 12 куни. Секој гостин во ова загрепско кафуле кој сака да седне на терасата под греалка, покрај сметката за консумација […]

Албанија воведува вонреден данок за извозниците на електрична енергија


Албанската влада воведува новина во предлог-буџетот за следната година а тоа е вонреден данок за производителите на електрична енергија што извезуваат. Владата го аргументира наметнувањето на овој данок со тоа што „производителите на енергија оствариле профит без зголемување на трошоците поради поскапувањето на енергенсите со кои се тргува на берзата“. Се предвидува производителите да бидат оданочени за […]

Локалните избори во Албанија распишани за 14 мај 2023 година


Албанскиот претседател Бајрам Бегај, по консултативните средби со претставниците на политичките партии, денеска потпиша уредба со која за датум на следните локални избори го одреди 14 мај 2023 година. -Претседателот го оценува периодот до изборите како многу важен за успешно завршување на овој демократски предизвик за институциите, политичките партии и целото албанско општество, како и […]

„Не сакав да бидам пион“: Проевропската министерка Зорана Михајловиќ објаснува зошто не е во новата српска влада


  Не се согласив да бидам пион, затоа сме денес овде, рече српската министерка за енергетика и рударство, Зорана Михајловиќ, на прошталната прес-конференција по повод нејзиното заминување од Владата. Србија. Михајловиќ изјави дека ќе остане во политичкиот живот на Србија. Таа нагласи дека нејзината позиција е Србија на Запад, Србија во Европа и дека има […]