Во Берлин на 3 ноември самит на Берлинскиот процес за Западен Балкан


Германија – На покана на германскиот канцелар Олаф Шолц в четврток во Берлин ќе се одржи Самит за Западен Балкан, како дел од таканаречениот Берлински процес, соопшти кабинетот на германскиот канцелар. На самитот ќе присуствуваат „шефовите на влади на шесте земји од Западен Балкан, претседателот на Европската комисија, претседателот на Европскиот совет, поранешните домаќини на самитот на Балканскиот процес од 2014 година, […]

Србија ја продолжи забрана за извоз на млеко и млечни производи, но не и за Македонија


Владата на Република Србија ја продолжи привремената забрана за извоз на млеко и млечни производи до 30 ноември, со исклучок на извозот во Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Белград. Во Службен весник е објавено дека владината забрана за извоз се однесува на повеќе видови млеко, како и масло во амбалажа од над […]

Во Косово стапува во сила одлуката за замена на српските со косовски таблички


Косово – Во Косово од денеска стапува во сила одлуката на Владата на премиерот Албин Курти за замена на регистарските таблички на возилата на косовските граѓани регистрирани во Србија со оние кои се пропишани со законите на Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Според одлуката што минатата недела ја донесе владата на Курти, од денеска […]

Бугарија извезла оружје во Украина за една милијарда евра


  Додека Бугарија и Унгарија се единствените земји од НАТО и ЕУ кои официјално одбиваат да испратат воена помош за Украина, беше откриено дека Бугарија е еден од најголемите индиректни добавувачи на земјата разорена од војна, продавајќи рекордно количество оружје од почетокот на војна. Експертите проценуваат дека Бугарија досега испорачала најмалку 1 милијарда евра оружје […]

После 20 години стопанска делегација на САД во Белград


Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска се сретна со стопанска делегација на Владата на Соединетите Американски Држави, при што со претставниците на некои од најголемите американски светски корпорации разговараше за натамошното зајакнување и развој на билатералната економска соработка, новите стратешки партнерства, како и потенцијалите за инвестиции во областа на енергетиката, ИЦТ и зелените технологии, јави […]

Дојава за над 50 бомби на 12 локации во Белград


Српското Министерство за внатрешни работи потврди дека денеска има информации за подметнати бомби на повеќе локации во Белград. „Не ја знаеме точната бројка, работата е во тек, полицијата си ја врши работата“ – велат од МУП, пренесуваат српските медиуми. „Блиц“ објави дека во уредничката електронска пошта на медиумот пристигнала информација дека на 12 локации низ […]

Странците од 1 јули ќе може да купуваат земјоделско земјиште во Хрватска без ограничувања


Странците од 1 јули следната година ќе можат да купуваат земјоделско земјиште во Хрватска без ограничувања. Досега тоа беше можно само доколку странците имаа фирма во земјата, пренесува хрватски Пословни дневник. – Досега странците можеа да купат земјиште само доколку отвораа фирма во Хрватска, а од 1 јули следната година ќе можат да купуваат без […]

Во Србија осигурените депозити достигнаа 25,3 милијарди евра, најзастапени заштедите на граѓаните


  Во Србија на крајот на третиот квартал од годинава вкупните осигурени депозити изнесуваат 25,3 милијарди евра, соопшти денеска Агенцијата за осигурување на депозити. Тоа е повеќе од трипати од износот од 2008 година, кога гарантираниот износ на заштеди во банките по депонент беше зголемен на 50.000 евра, се наведува во соопштението. Вкупните средства на […]

Кралот и кралицата на Холандија во официјална посета на Грција


Грција– Кралот Вилем- Александер и кралицата Максима на Холандија од денеска се во тридневна официјална посета на Грција на покана на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина. На првиот ден од посетата планирано е, освен со Сакеларопулу, да остварат средби со градоначалникот на Атина Костас Бакојанис, со омбудсманите на Грција и […]

Пет причини зошто на Западот му е потребна Турција


Од руската инвазија на Украина, Европејците почнаа да дискутираат за својата зависност од земјите, кои не мора да ги споделуваат нивните вредности.  Па каде се вклопува Турција?  Аспирациите на Анкара за поголема улога на глобалната сцена се придружени со нивната сè поагресивна и националистичка реторика кон нејзините западни партнери. Денес, Турција, кандидат за пристапување во Европската Унија, не е она што […]

Радев: Влада не може да има по секоја цена


Бугарскиот претседател Румен Радев денеска нагласи дека не може да се формира Влада во државата „по секоја цена“. – Не може да има влада по секоја цена – производ на задкулисни и непринципиелни договори, а во исто време ќе инсистирам на конструктивен, отворен, ефективен дијалог, ќе инсистирам на исцрпување на сите можни опции за формирање […]

Ако сега не се формира влада, тоа нема да се случи ни за 10 години


Бугарија–   Ако сега не се формира влада во Бугарија, тоа нема да се случи ни за 10 години. Таков став објави портпаролот на службениот владин Кабинет Антон Кутев,во изјава за бугарската телевизија Нова. „Во бугарската историја се случило во третиот мандат да не се формира влада. Најважно е луѓето во парламентот да сфатат дека мора […]

Одложена посетата на Фон дер Лајен на Подгорица


Србија –  Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Црна Гора е одложена бидејќи нејзиниот авион не можел да полета од аеродромот во Белград поради магла. Фон дер Лајен вчера беше во посета на Босна и Херцеговина и Србија, а денеска требаше да ја посети Црна Гора, како дел од регионалната турнеја […]

Фон дер Лајен и најави 160 милиони евра помош на Србија


Претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен денеска ги посетија работите на изградбата на гасниот интерконектор Србија-Бугарија кај Нишка Бања. Претседателката на ЕК ја покани Србија да и се придружи на ЕУ во заедничката набавка на гас и најави непосредна буџетска поддршка од 160 милиони евра, јави дописникот […]

БиХ ќе добие 71 милион евра од ЕУ за ублажување на последиците од поскапувањето на енергенсите


  Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Сараево најави дека Босна и Херцеговина ќе добие грант од 71 милион евра од ЕУ за надминување на последиците од високите цени на енергенсите. Според Фон дер Лајен, станува збор за краткорочна мерка со која ќе се поддржат инвестициите во инфраструктурата насочени кон подобрена […]

Брегу: Очекувам Договорот за движење со лични карти во Западниот Балкан да биде оперативен до крајот на годинава


 Меѓународните договори за движење со лична карта, за признавање на високообразовните квалификации и за признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина и стоматологија, како и архитектите, би почнале да важат 30 дена по нивното доставување до Северна Македонија како депозитар на овие договори, откако ќе бидат ратификувани во земјите од Западен Балкан, најави генералната […]

СИРИЗА и ПАСОК реагираат за одлуката германските тенкови да се испратат на Еврос, а не на островите


 Грчките опозициски партии СИРИЗА и ПАСОК- Движење на промена реагираат за изјавата на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис дека оклопните возила Мардер кои земјата ги доби од Германија во замена за старите ΒΜΡ-1 што ги испрати во Украина, ќе се упатат на Еврос, а не на островите, јави дописничката на МИА од Атина. Од СИРИЗА […]

Препорака до Грците од 18 до 21 часот да ја ограничат употреба на електрични уреди што трошат многу струја


  Со цел да се постигне намалување за најмалку пет отсто на потрошувачката на електрична енергија во шпицот, министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас, препорача да се прават напори во периодот од 18 до 21 часот да се ограничи употребата на уреди кои трошат многу струја и доколку е можно, да […]

Мицотакис: Грција е подготвена да ѝ подаде рака на пријателство на Турција


Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека неговата земја е подготвена да ѝ подаде рака на пријателство на Турција, но го обвини и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека поттикнува антигрчко расположение во Турција. Мицотакис, по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц во Атина, рече дека негова желба е Турција да го избере „патот на […]

Само десет Срби се пријавиле за косовски таблички, во вторник се можни инциденти


Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил денеска изјави дека САД се разочарани и загрижени поради одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да не го продолжи рокот за пререгистрација на возила со српски таблички и покрај повиците на земјите од Квинта и Европската Унија, – Владата на САД, заедно со нејзините меѓународни партнери, во повеќе наврати […]