Германија ја бара оваа жена за кражба на милион евра. Наводно е од Балканот (фото)


Полицијата во Штутгарт трага по 42-годишна жена која е осомничена дека во октомври годинава украла повеќе од еден милион евра од фирмата за транспорт на пари каде што работела.

Жената е висока 174 сантиметри, има сино-зелени очи и руса коса и неколку тетоважи по целото тело.

За пронаоѓање на жената е објавена награда од 37.500 евра.

Како што објави читател на магазинот Феникс, чии информации ги знае Феникс, жената наводно е од територијата на поранешна Југославија.