Поштар во Црна Гора исчезнал со 15.000 евра од пензии, најден мртов во река


 

Телото на млад поштар од Црна Гора, Милош Стаматовиќ, најдено е со врзани раце на брегот од реката Морача во населбата Ботун.

Милош Стаматовиќ од Даниловград тргнал на терен и со себе имал 15.000 евра, кои требло да ги подели како пензии.

Управата на полицијата и Поштата на Црна Гора ја потврдија информацијата дека младиот поштар е најден во водата, со врзани раце, за порталот „Прес“.

Во возилото на поштарот најдени се две до три илјади евра, а остатокот од парите се бара

Телото, вчера во 10 часот, го забележале мештание од Ботун. Инспектори, во соработка со надлежен тужител, ја истражуваат смртта на црногорскиот поштар.

Набрзо, откако Стаматовиќ исчезнал било пронајдено возилото со кое момчето ги пренесувал парите, а во него се пронајдени меѓу 2.000 и 3.000 евра, а остатокот од парите се бара.

„Прес“ пишува дека рацете на поштарот биле врзани од предната страна на телото, што укажува на можност за убиство. Причината за смртта ќе се утврди со обдукција.

„Постојат траги, кои полицијата ги најде на местото. Автомобилот е пронајден, се собираат информации за расветлување на околностите под кои исчезнал настраданиот со цел да се утврди дали смртта настанала како последица на насилство“, вели извор од полицијата на „Прес“.

По исчезнувањето, поштарот го барале неговите колеги, полицајци и сограѓани од Даниловград.