Вучиќ: Секогаш ќе ги поддржувам Србите на Косово, нема да се кријам од големите и моќните во светот


Фото: Б. Грданоски

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денес пред големиот народен и демократски протест на барикадата во Рудар кај Звечан на Србите во Косово им порача дека секогаш ќе ги поддржува и дека нема да се крие од големите и моќните во светот, но дека секогаш ќе биде доволно одговорен, да ги повика да бидат мирни и да го чуваат мирот.

Во видео-обраќање објавено на Инстаграм, Вучиќ рече дека на големиот протест на Србите од Косово, ќе дојдат Србите од северот и југот и од сите области каде што живеат Срби на Косово.