Телото на мртво бебе по грешка го ставиле во машина за перење во болница во Косово


Покрената е истрага против гинеколошкото одделение во општата болнива во Пеќ, Косово откако е откриено дека некој на одделот по грешка ставил тело на мртво бебе во машината за перење. Телото на детето од машината за перење е извадено на делови, пишува Косово-онлајн.

Случајот го потврди косовската полиција, а во моментот се води истрага од Државното обвинителство и Здравствениот инспекторат.

„Полицијата е известена за случајот во регионалната болница во Пеќ и веднаш излегле на местото, заедно со државен обвинител, како и здравствени инспектори. Случајот го истражуваатѕ државен обвинител и здравствени инспектори“, соопшти полицијата.

Таткото на бебето вели не сакале да им го дадат телото

Извори од болницата во Пеќ велат дека болницата по секоја цена се обидува да го заташка случајот, и врши притисок на вработените за да не се дојде до информацијата од таму. Косово-онлајн пишува дека дури се обидуваат вината да ја префрлат на чистачките, за во јавноста да не излезат имињата на медиционскиот персонал од гинекологија.

Таткото ан бебето вели дека случајот го шокирал неговото семејство и дека настанот е откриен кога болницата одбла да го предаде телото на мртвото дете, но се шокирал кога ги видел остатоците од бебето откако го извадиле од машината за перење.

Болницата: Суспендирани се седум вработени и покрената е дисциплинска

Во меѓувреме се огласи Општата болница во Пеќ и на својата интернет страница објавија дека за овој случај суспендирани се седум вработени, а против нив се води дисциплинска постапка.

„Случајот уште е во истражна постапка и штом истражните органи и здравствената инспекција излезат со наоди и конечни резултати, јавноста ќе биде известена за деталите и адекватни мерки предвидени со закон3, стои во соопштенито од болницата.

„Во почетна фаза на итрагата сме и не можеме да сподлиме повеќе информации заради осетливост на случајот. Обвинителот се состана со родителите на бебето и ги извести за целиот случај“, вели портпаролот на Основното обвинителство во Пеќ.