Ева Каили признала за парите, нејзиниот адвокат демантира


 

Изданието на белгискиот весник „Ле Соар“ во вторникот наутро откри дека поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили, признала дека побарала од нејзиниот татко да скрие голем дел од парите пронајдени во нејзината куќа.

Истовремено, италијанскиот весник „Ла Република“ во извештај на својата веб-страница објави дека грчката европратеничка пред белгискиот обвинител Мишел Клез признала дека знаела за активностите на Италијанецот Антонио Панцери, но и за куферите со парите. Исто така, се дознава дека европратеничката во четврток мора да се појави пред советот за претходна постапка, кој ќе одлучува за секој понатамошен притвор.

Потоа европратеничката одговори на овие извештаи преку нејзиниот адвокат, Михалис Димитракопулос, кој во изјава за kathimerini.gr категорично ги демантираше извештаите, нагласувајќи дека Каили никогаш не признала дека побарала од нејзиниот татко да префрли пари, кои биле во нејзината куќа за да ги сокрие.

„Тоа не е така. г-ѓа Каили никогаш не признала дека барала од татко ѝ да префрли пари за да ги скрие“, нагласи адвокатот на поранешната потпретседателка, додавајќи дека „ Каили дознала за овие пари во последен момент и веднаш побарале да му припаднат на нивниот сопственик, господинот Панцери“. Поточно, Каили тврди дека за парите била информирана кога нејзиниот партнер бил уапсен во близина на гаражата од нивната куќа. Потоа, според зборовите на нејзиниот адвокат, таа се обидела да го пронајде сопственикот на парите Панцери за да му ги предаде. „Едната опција беше да го предаде партнерот на полиција, втората беше да оди кај сопственикот на парите. Таа нема обврска да го пријави партнерот според европските закони.

Во исто време, Димитракопулос појасни дека Каили негира каква било вмешаност во случајот, а осврнувајќи се на нејзиниот имот, тој истакна дека имотите што ги поседува се оправдани со нејзините плати.

Италијанскиот весник „Ла Република“ цитира дека таа, наводно, изјавила:

„Точно е, знаев за активностите на господинот Панцери. Знаев дека во мојата куќа има куфери полни со пари“.