Ѓукановиќ за протестот во Подгорица: Нè има, ќе нè има и Црна Гора ќе ја има


Црногорскиот претседател и лидер на Демократската партија на социјалистите (ДПС), кој не учествуваше, но го поддржа синоќешниот протест во Подгорица, на Твитер објави фотографија од тој митинг и порача дека Црна Гора ќе ја има. „Нѐ има, и тоа како нѐ. Ја има и Црна Гора. Слободна, граѓанска, мултиетничка, независна. И ќе ја има Црна […]

Генерален штрајк во Грција


  За зголемување на платите, колективни договори и хумани услови за работа, но и „да се стави крај на политиката која ги прави богатите побогати, а сиромашните посиромашни“, двата најголеми грчки синдикати на вработените во приватниот (ГСЕЕ) и државниот сектор (АДЕДИ), денеска почнаа 24-часовен генерален штрајк, што ќе ја парализира земјата, јави дописничката на МИА […]

Грција во шок: Политичко-педофилски скандал ја тресе Нова демократија


Грција е во голем шок околу скандалот со силување, проституција и изнуда на 12-годишно девојче во Атина, кој излезе на виделина во понеделникот по истрагата на полицискиот оддел за заштита на малолетници. Двајцата мажи беа уапсени минатиот петок во врска со случајот, а скандалот еруптираше кога се дозна дека едниот од нив е член на […]

Турција го уапси извршителот на пукањето на границата со Бугарија во која загина граничен полицаец


Амбасадорката на Турција во Софија, Ајлин Секизкок, го информира бугарското МВР дека нејзината земја го привела извршителот на пукањето на границата со Турција, во кое загина бугарски граничен полицаец. Како што јави дописникот на МИА од Софија, турската амбасадорка Секизкок во интервју за БНТ вели дека истрагата на турското обвинителство веќе е започната и на […]

На улиците на Подгорица оклопни борбени возила и полиција


Во пресрет на протестот против изменетиот Закон за претседател, на улиците во Подгорица има борбени оклопни возила и зголемено полициско присуство, јавија локалните медиуми. Тие се распоредени пред зградата на Парламентот и Владата. Просторот пред Собранието е ограден со заштитна ограда. Улиците во главниот град на Црна Гора се преполни со возила со учесници на протестите од 24 општини. […]

Турција почна да го плаќа со рубљи рускиот гас


  Турскиот министер за енергетика Фатих Донмез денеска изјави дека Турција почна да плаќа дел од руските испораки на природен гас во рубљи. Анкара и Москва во септември се договорија гасот да се плаќа во рубљи. Донмез најави и конкретни планови за спроведување на рускиот предлог Турција да стане база за снабдување на Европа со руски гас и до […]

Харадинај ја напушти средбата: Курти не објасни зошто ги прекинал односите со Америка


Претседателите на опозициските ДСК и ДПК денеска на средба со премиерот на Косово, Албин Курти, побараа координација со сојузниците, а претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, незадоволен од излагањето на Курти ја напушти средбата на која се разговараше за ситуацијата откако Србите на северот на Косово ги напуштија институциите поради едностраните потези […]

Абазовиќ: Црна Гора не е целосно исчистена од криминал и корупција, но се менува


Премиерот на црногорската Влада во технички мандат, Дритан Абазовиќ тврди дека Црна Гора не е целосно исчистена од криминал и корупција, но, за време на мандатот на неговата влада е направено доста и оти државата се менува. – Не е целосно исчистена од криминал и корупција, но, сметам дека ситуацијата е далеку подобра отколку пред […]

Красниќи: Не добив уверување дека Курти знае да се справи со ситуацијата во северно Косово


 Лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК), Мемли Красниќи по состанокот што премиерот Албин Курти го свика со опозициските лидери по повод случувањата на северот од земјата, изјави дека не добил уверување оти Владата знае во кој правец да се движи за да ја задржи контролата врз ситуацијата создадена по излегувањето на Србите од косовските […]

Како се забавуваат 5.000 американски маринци во Сплит?


Носачот на авиони „САД Џорџ Буш“, на нуклеарен погон, вплови во пристаништето во Сплит и оваа вест се најде на сите медиуми во хрватска и во регионот. Огромниот воен брод застана овде по воени вежби, а покрај бројните текстови за борбената моќ на бродот, на ред е веста за посадата. Како што пренесува „Вечерњи лист“ […]

Грција ќе почне сеизмички истражувања за наоѓалишта на природен гас


Сеизмички истражувања за наоѓалиштата на природен гас југозападно од Пелопонез и Крит, што ќе ги врши американската компанија „ExxonMobil“, а ќе почнат набргу, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина. -Нашата земја, како што многупати имам кажано, без оглед на нејзината посветеност на брзата зелена транзиција, […]

Харадинај го напушти состанокот кај Курти: Ни држеше предавања


Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај го напушти состанокот што премиерот Албин Курти го свика со опозициските лидери по повод случувањата на северот од земјата, недолго по неговото започнување, јави дописникот на МИА од Приштина. По заминувањето од зградата на Владата, каде што продолжува состанокот на Курти со лидерите на другите две опозициски […]

Мицотакис: Неверојатна лага е дека сум следел министри


Станува збор за неверојатна лага, имаме текст без апсолутно никакви докази и без апсолутно никаква поврзаност со мене, а лично сум обвинет дека сум „мозокот“ на оваа мрежа, зарем постои Грк кој верува дека во сето она со кое требаше да управувам во последниве три и пол години, во слободно време ги прислушував министрите, истакна […]

Додик си го зголемил буџетот за 500 отсто


Милорад Додик, идниот претседател на босанскиот ентитет, Република Српска, во кој доминира српското население, ќе има на располагање 55,6 милиони босански марки или околу 28,2 милиони евра во 2023 година, јавува „Балкан Инсајт“. Во споредба со буџетот за 2022 година, кој изнесуваше 10,8 милиони босански марки, или околу 5,5 милиони евра, Додик ќе може да […]

За Додик, разграничувањето е најдобрата варијанта за БиХ


  Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, денеска изјави дека во БиХ има поделби кои се неизбежни и затоа разграничувањето е најдобрата варијанта за земјата. -Тоа што беше претходно не може да се врати. Како може 150.000 Срби да се вратат во Сараево. Никако. Тоа го нема веќе и не може да се […]

Бугарски полицаец убиен на границата со Турција


Припадник на бугарската „Гранична полиција“ е застрелан во заедничка полициско-воена патрола на границата меѓу Бугарија и Турција, во атарот на селото Голем Дервент, јави БНР, пренесе дописникот на МИА од Софија. Граничниот полицаец починал на лице место, а војникот се повлекол и не е повреден. На подрачјето на инцидентот веднаш биле испратени дополнителни патроли, но […]

Маж од Тирана шест години ги држел сопругата и синовите затворени во куќа без вода и струја


Ѓерѓ Лачи (52) од Тирана е уапсен во неделата под сомнение дека сопругата и синовите со години ги држел затворени во куќата и им забранувал да имаат контакт со надворешниот свет. Како што пишуваат албанските медиуми, Лачи со години живеел во Италија, а потоа се вратил во родната Албанија, каде заедно со семејството живееле во […]

Најмалку седум загинати во тешка сообраќајка во Турција


Најмалку седум лица загинаа, а 11 се повредени во денешниот судир на камион и патнички автобус во провинцијата Агра на истокот на Турција. „Седум наши граѓани ги загубија животите кога автобусот налета на камион и се запали“, потврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува „Ројтерс“. Силен црн чад извира од местото на несреќата, а локалните […]

Во Косово досега 578 Срби поднеле оставки


Министерот за внатрешни работи на Косово Џељал Свечља денеска изјави дека досега 578 косовски Срби, припадници на косовската полиција, поднеле оставки. На заедничката прес-конференција со косовскиот премиер Аљбин Курти тој рече дека тие оставки се резултат на уцени. „Официјално се поднесени 578 оставки, од кои 461 се од полицијата за јавен ред, 107 од граничната […]

Грчката Влада демантира дека користи малициозни софтвери за прислушување


Грција – Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите уште еднаш демантираше дека Владата или било кој јавен или безбедносен орган во земјата купила и користи малициозни софтвери за следење, но истакна дека тоа не значи дека не го сторил тоа некој друг, а во однос на објавените информации во […]