Земјотрес во Хрватска во близина на Сисак


Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 58 км од Загреб и 9 км од Сисак, во 10 часот и 21 минута, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Земјотресот бил почувствуван повеќе во областа на Сисак. #Earthquake (#potres) possibly felt 25 sec ago in #Croatia. Felt it? Tell us via:📱https://t.co/LBaVNdVFgz🌐https://t.co/AXvOM7qtuH🖥https://t.co/wPtMW5w1CT⚠ Automatic […]

Слепа ли е Бугарија за опасното политичко лудило на Русија?


Како може да се препознае опасно политичко лудило? Ако водењето на агресивна освојувачка војна, бомбардирањето и уривањето на големите градови и  убивањето деца во име на царските цели не беа доволни за некого, следните зборови на очигледна лудост би можеле сепак да ги натераат да размислуваат. Што рече Медведев: „Руската војна во Украина е света битка […]

Почина архиепископот на Кипарската православна црква Хрисостомос Втори


На 81- годишна возраст, водејќи битка со ракот, рано утрово почина архиепископот на Кипарската православна црква Хрисостомос Втори, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно официјално медицинско соопштение од четворица лекари, „неговото Блаженство се упокои мирно, откако со храброст, трпение и христијанска издржливост се соочи со неговата болест“. Хрисостомос Втори 16 години беше поглавар на […]

Дачиќ: КФОР да го гарантира мирот и безбедноста на Косово, одлуката на Србите е историска


Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, изјави дека излегувањето на Србите од косовските институции е еден вид народен отпор заради избегнувањето на косовските власти за ја формираат Заедницата на српски општини и заради напорите за наметнување независно Косово и на неговиот север. -Србија ќе биде одлучна да го заштити нашиот народ доколку постои безбедносна закана. […]

Дијалогот поважен од кога било: Официјална Тирана за состојбата на северот на Косово


  Реагирајќи во врска со тензичната ситуација во северот на Косово официјална Тирана изразува загриженост и оценува дека дијалогот е поважен од кога било. Министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, синоќа преку објава на Твитер изрази загриженост за случувањата на северот на Косово, притоа истакнувајќи дека ” напуштањето на институциите на Косово е […]

Србија зема кредит за да го урне Савскиот мост во Белград!?


  Србија ќе земе заем од 80 милиони евра од француска банка со гаранција од Кинезите, за да го урне Савскиот мост во Белград. Истиот договор предвидува и изградба на нов мост, а вредноста на вкупните работи се проценува на 94 милиони евра. Поранешниот архитект на Белград Ѓорѓе Бобиќ за телевизијата Н1 вели дека стариот […]

Оставки поднесоа и српските полицајци на граничните премини „Јариње“ и „Брњак“


Полициски службеници од  северот на Косово поднесоа оставки во косовската полиција и на административните премини „Јариње“ и „Брњак“, пренесува српскиот национален сервис – РТС. Оставки, според информациите поднеле и српските полицакци од контролно-надзорниот пункт „Лепосавиќ“, кој се наоѓа во Јариње, на околу 500 метри од административниот премин. Оставките на полициските службеници се дел од одлуката […]

Заврши собирот на косовските Срби, инциденти нема


Заврши собирот на косовските Срби во Северна Митровица. На протестот немаше инциденти, но РТС јавува дека група Албанци во населбата Бошњачко маало поставиле албански знамиња. На собирот се обратија неколкумина сегашни и поранешни политички чинители на Косово. Претседателот на Српска листа, Горан Ракиќ рече дека мандатот го враќаат на српскиот народ кој ги избрал, а […]

Мицотакис прислушувал министри, поранешни министри, поранешен премиер, бизнисмени, новинари


Министри од Владата, сопруги на министри, поранешни министри, поранешен премиер, членови на опозицијата, бизнисмени и новинари биле прислушувани од кабинетот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, објави грчкиот весник „Документо“, јави дописничката на МИА од Атина. Како што пишува весникот изворот на листата се „две личности кои имале важна улога во следењето и освен листата, ги […]

Дачиќ тврди: Сите се лути на Курти


Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, изјави дека српските власти „добиле информации од „пријатели од ЕУ“ дека Косово во декември ќе поднесе барање за членство во Европската унија. „Добивме информации од нашите пријатели од Европската унија два или пред три дена.” дека Косово во декември ќе поднесе барање за членство во ЕУ, што е зачудувачки. Ова […]

ЕУ бара Приштина да ја одложи пререгистрацијата на табличките


Портпаролот на Европската Унија, Петер Стано, ги повика властите во Приштина веднаш да ја одложат примената на одлуката за регистарските таблички и продолжување на процесот на пререгистрација на возилата. Тој бара од Приштина да запре со казнување на граѓаните кои имаат автомобили со српски регистарски ознаки.Тој исто така рекол и дека двете страни имаат одговорност […]

Косовската полиција негира дека специјалци се упатиле на север


 Полицијата на Косово ги негира пишувањата во некои српски медиуми дека припадници на специјалната единица се упатиле на северот на земјата, населен со мнозинско српско население, откако вчера Србите одлучија да ги напуштат косовските институции, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштението доставено до медиумите, се вели дека „полициските единици на јавниот ред и […]

Сајтот на бугарското разузнавање беше нападнат од руски хакери


Руската хакерска група Килнет ја нападна веб-страницата на бугарската државна разузнавачка агенција (ДАР), објавија локалните медиуми. Случајот е од вчера попладне. Станува збор за хакерски напад DDoS кој привремено го отежна пристапот до веб-страницата на агенцијата. Покрај веб-страницата на бугарското разузнавање, нападнати се и сајтовите на разузнавачките агенции на Полска, Романија, Молдавија и Естонија, пренесува […]

Курти: Не сум премиер против Србите, Србија е против мене


осовскиот премиер Албин Курти ги повика припадниците на српското малцинство во земјата да не бидат „жртви на манипулациите на српските властодршци“ и да не ги напуштаат косовските институции, јави дописникот на МИА од Приштина. Откако најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), вчера објави дека Србите ќе ги напуштат сите институции во Косово поради […]

Попладне протестен митинг на Србите во Косово


Ноќта на Косово помина мирно по вчерашните тензии откако претставниците на Србите се повлекоа од сите косовски институции.Денеска на пладне ќе се одржи митинг на Србите во северниот дел на Косовска Митровица, а за вечерва во 21:00 часот најавено е и обраќање на нацијата на српскиот претседател Александар Вучуќ. Во близина на споменикот е поставена бина […]

Шпионскиот скандал во Грција се шири, следени биле и министри


  АТИНА – Скандалот со шпионски софтвер во Грција, кој постојано се проширува, доби уште еден пресврт во саботата со објавувањето на долг список со имиња на државни функционери, новинари и бизнисмени насочени со злонамерен софтвер. Според грчкиот весник „Документо“, откриени се околу 33 лица кои имаат траги од нелегалниот шпионски софтвер „Предатор“ на нивните […]

Кристофер Хил побарал од Вучиќ Србија да се однесува одговорно


  Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска телефонски разговараше со американскиот амбасадор во таа земја Кристофер Хил, кој „од него побара Србија да се однесува одговорно, сериозно и да не учествува на кој било начин во загрозување на регионалниот мир и стабилност“, објави Претседателството на Србија. Во соопштението, како што пренесува Бета, се наведува дека Вучиќ […]

Србите ги напуштаат косовските институции


  Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ) одлучи денеска да ги повлече своите членови од институциите на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Лидерот на СЛ, Горан Ракиќ, кој беше единствен министер Србин во владата на Албин Курти, поднесе оставка од челната функција во Министерството за заедници и враќање. По денешната седница […]

Во акција на Балканот уапсени 382 лица, осомничени за трговија со луѓе, дрога и оружје


Холандија– Европол денеска соопшти дека во рамки на меѓународна операција на крајот на минатиот месец биле уапсени 382 лица, осомничени за трговија со дрога, луѓе и оружје, кои главно дејствувале на Балканот и во Југоисточна Европа. Сто педесет и девет од уапсените се осомничени за трговија со мигранти, 112 за трговија со дрога, 38 за трговија […]

ЕП ќе гласа за прием на Хрватска во Шенген идната недела


Белгија – На пленарната седница на Европскиот Парламент идната недела се очекува зелено светло од оваа институција за прием на Хрватска во Шенген, јави дописничката на МИА од Брисел. На крајот на октомври европратениците од комисијата за граѓански слободи веќе гласаа за да се прими Хрватска во Шенген зоната. Мнозинство се очекува и в среда на […]