Дојава за бомба на аеродромот во Приштина, се евакуираат патници и вработени
Косово – Аеродромот во Приштина е привремено затворен поради дојава за бомба, соопшти денеска косовската полиција, пренесува Танјуг.
Според извештаите, полицијата изутрината добила дојава, поради што аеродромот бил затворен, а патниците и вработените биле евакуирани.
Претходно денеска, портпаролката на аеродромот Валентина Гара изјави дека евакуираните патници и персоналот се добро и безбедни.
„Потврдувам дека добивме дојава за бомба. Патниците и вработените на аеродромот се евакуирани и се безбедни. Екипата за итни случаи истражува“, рече таа.