Во Хрватска, последните денови, умираат по 15 луѓе од корона


Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 356 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни изнесува 2.584.

Од нив 660 пациенти се лекуваат во болница, а на респиратор се 24 пациенти.

Починаа 15 пациенти, соопшти Штабот за цивилна заштита.

И вчера бројките на новозаразени не беа големи, односно 116 случаи, но сепак, во текот на деноноќието од Ковид-19 починале 16 пациоенти, соопштија надлежните. Додека светот здивнува од пандемијата, некои земји речиси се подготвени да прогласат крај на пандемијата, Хрватска се соочува со висока смртност.

Од 25 февруари 2020, кога беше забележан првиот случај на зараза во хрватска, до декаска вкупно се забележани 1.262.465 заразени со корона вируспт, а починаа вкупно 17.557 луше.

Сепак, по големата битка за обезбедување вакцини, а потоа и големиот бран вакцинација што го зафати светот, вчера во Хрватска биле потрошени само 209 дози вакцини, па процентот на вакцинирани возрасни изнесува 68,93 отсто.