Бугарија гневна на блокадата за Шенген – ЕУ била цинична и му се нафрлија на Марк Руте


  Бугарија реагираше исклучително остро на одлуката на Холандија да не ја прими земјата во Шенген зоната и на коментарите на холандскиот премиер Марк Руте, кој отворено се посомнева дека властите имаат способност да ги заштитат бугарските граници. „Наместо европска солидарност, Бугарија добива цинизам!“. Така, претседателот Румен Радев на Фејсбук го коментираше ставот на Холандија […]

Чавушоглу верува дека до пролет во Украина ќе има примирје или преговори


 Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека до пролет очекува јасна слика за војната во Украина. – Сега Украина напредува на теренот, враќајќи некои од нејзините окупирани територии. Но, Русија за возврат намерно гаѓа цивилна инфраструктура. Така, животот станува тежок особено за Украинците, и за сите нас, рече Чавушоглу на форумот во […]

Холандската Влада донесе одлука да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната


 Следната недела, Холандија ќе се согласи Романија и Хрватска да се приклучат на Шенген зоната, но ќе го блокира приемот на Бугарија, објави холандската радиодифузна корпорација. Холандската влада на денешната седница одлучи дека Бугарија се уште не ги исполнува условите за влез во Шенген, посочува овој медиум. Холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра по […]

Вархеи го убедува Вучиќ: „Александре, мораш да присуствуваш во Тирана“


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 1 декември, четврток навечер, во драматична телефонска изјава за ТВ Пинк, која потоа ја објави ТВ Хепи, рече дека нема да оди на самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржува. на 5 и 6 декември во Тирана. Но на  2 декември на заедничка прес-конференција со еврокомесарот комесарот Оливер Вархеи […]

Убиецот на бремената сопруга во Косово се самоубил во присуство на полицијата


Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља објави дека убиецот на бремената жена М. Х. (35), 31-годишниот Сокол Халили се самоубил денеска во присуство на полицијата, откако бил локализиран од органите на прогонот. Според Свечља, наспроти обидите на полцијата да преговара со него, Халили одбил да се предаде и извршил самоубиство. – По интензивната […]

Србија до крајот на годината од ЕУ ќе добие подршка од 165 милиони евра


На средбата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, разговарано е и за енергетиката и барањето за воведување санкции против Русија, јави дописникот на МИА од Белград. По средбата со Вархеји, Вучиќ изјави дека ги разбира неговите забелешки во однос на усогласувањето на надворешната политика на Србија со […]

Ѓукановиќ: Воведувањето на Црна Гора во Отворен Балкан е еднакво на велепредавство


  Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ оцени дека воведувањето на таа земја на Отворениот Балкан би било „еднакво на ново велепредавство“. – Во моментот кога Владата го усвои темелниот Договор, тоа беше легитимна влада. Јас се спротивставив, верувам дека тоа беше задкулисна работа во корист на некои центри надвор од Црна Гора, дека премиерот […]

Се збратимија Атина и Њујорк


 Зајакнување на соработката во повеќе области меѓу кои и туризмот, културата, заштитата на животната средина, справување со предизвиците на климатската криза, како и во размената на искуства во дигитализацијата на услугите, според општина Атина, содржи меморандумот за збратимување меѓу Атина и Њујорк, што вчера го потпишаа градоначалниците на двата градови Костас Бакојанис и Ерик Адамс, […]

Дачиќ: Курти „воведе некои негови Срби“ во Владата на Косово за да ги реализираат големоалбанските цели


Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска, реагирајќи на назначувањето на Ненад Рашиќ за министер во Владата на Косово, изјави дека премиерот на таа влада Албин Курти, „вовел некои од своите Срби за да се остварат големоалбанските цели“. – Она што го направи Курти е апсолутно спротивно на духот на дијалогот и она што беше […]

Рама: Самит ЕУ-Западен Балкан, историски настан за Албанија


  Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи на 6 декември во Тирана е историски настан за земјата, оцени албанскиот премиер Еди Рама кој на социјалните мрежи го сподели логото на Самитот, дизајнирано со албански народни мотиви, боите на националното знаме и боите на знамето на Европската унија. – Албанија е горда првпат да биде […]

Бугарија заглави со новата влада, Радев во понеделник ќе го даде мандатот на ГЕРБ


Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека првиот мандат за формирање влада ќе го врачи на ГЕРБ-СДС в понеделник. – Се надевам дека дополнителното време што им го дадов е искористено на најдобар начин. Кога детално ќе го разгледам текстот на новоусвоениот Изборен законик ќе донесам одлука, рече Радев одговарајќи на прашање дали ќе стави […]

Запален автомобилот на дипломатка од италијанската амбасада во Атина


Со експлозивен материјал, веројатно молотов, во текот на ноќта во атинска населба, бил запален паркираниот автомобил на првата советничка во амбасадата на Италија во Грција Сузана Шлајн, јави дописничката на МИА од Атина. Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија Антонио Тајани, кој денеска е во Атина, преку Твитер информираше за инцидентот. -Напад врз […]

Брнабиќ: Срамна реакција на ЕУ, Србија нема да учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана


  По срамната изјава на ЕУ, само уште една во низа, Србија веќе нема никаква потреба да учествува на самити за Западен Балкан. ЕУ или ќе ги почитува вредностите што ги пропагира или Србија веќе нема да има потреба да учествува во оваа фарса, порача српската премиерката Ана Брнабиќ во соопштението на Владата. Како што […]

Петков: Нема да предложам влада доколку се врати хартиеното гласачко ливче


Копретседателот на „Промените продолжуваат“ (ПП), Кирил Петков, денеска во бугарското Народно собрание коментираше дека тие како втора по големина пратеничка група нема да предложат малцинска влада со нивниот втор мандат, откако јасно кажале дека не сакаат да го вратат во употреба гласачкото ливче во хартиена форма, јави дописникот на МИА од Софија. Пратениците во бугарскиот […]

Вулин избран за директор на БИА


За директор на Безбедносно-информативната агенција (БИА) денеска е именуван Александар Вулин, поранешен министер за полиција, јави дописникот на МИА од Белград. Оваа позиција остана испразнета кога на чело на Министерството за внатрешни работи беше избран Братислав Гашиќ. Вулин е избран за директор на БИА на седница на Владата на Србија, а претходните две години ја […]

Протест на просветните работници во Србија против насилството во училиштата и за статус на службено лице


Во 47 општини и градови низ Србија почна протестот на просветните работници, со што денеска настава не се одржува во 820 основни и средни училишта. Протест на просветните работници е со барање да прекинат сите форми на насилство во училиштата и наставниците да добијат статус на службено лице. Протестот „Стоп за насилството во училиштата“ го […]

Хрватска знае кој го испалил дронот што падна на Загреб


Министерот за одбрана на Хрватска Марио Баножиќ потврди дека хрватските власти знаат кој го испалил дронот кој пред осум и пол месеци падна на Загреб. „Членките на НАТО преку кои дронот прелетал, тој податок го означиле како тајна, а тоа го направи и хрватската Влада“, одговори министето за одбрана на прашање на пратеник. Пратеникот притоа […]

Бугарските дипломати излегоа на протест, бараат поголеми плати


  Едночасовен предупредувачки протест имаше во четврток на 30 ноември пред зградата на Министерството за надворешни работи на Бугарија. Од петок се очекуваат ефективни штрајкови доколку не се исполнат барањата за повисоки плати. Незадоволните вработени бараат и индексирање на патните средства, како и престанок на практиката на намалување на основната плата при одење на долгорочен […]

Штајнмаер во Тирана: Албанија e важен партнер, борбата против корупцијата клучна за членството во ЕУ


Албанија– Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој денеска допатува во дводневна официјална посета на Албанија, по средбата со неговиот домаќин, претседателот Бајрам Бегај, на заедничката прес-конференција изјави дека Албанија е важен партнер, дека нејзиното членство ќе ја збогати Европската унија, но посочи дека борбата против корупцијата е клучна за членството во ЕУ. Тој и се заблагодари на […]

Нова: Нема повеќе руска нафта за Србија, почнува одбројување за ново поскапување


Од понеделник, петти декември, Европската унија става рампа на руската нафта, што значи дека има забрана која важи за Србија, изјави министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ. Оваа забрана е резултат на стапувањето во сила на новиот пакет санкции на Европската унија против Русија, но за разлика од некои европски земји, Србија не доби […]