Во поголем дел од Србија падна снег – хаос во сообраќајот


 

Поголем дел од Србија е под снег, кој направи проблеми во сообраќајот, пишува Б92.

Шлепер се излизгал од коловозот кај Панчево во Банатското Ново Село.

На патот Шабац-Обреновац еден патнички автомобил се излизгал и паднал во канал.

Се претпоставува дека нема потешко повредени лица. Сообраќајна незгода имало и на патот Нови Сад – Зрењанин, кога дошло до судир на повеќе автомобили.

Ширум земјата распоредени се дежурни возила на „Патишта Србија“.

Инаку, снегот сега паѓа погоре на север односно во Суботица. На Голија пак, има значително повеќе снег од очекуваното.