Снежна лавина во Словенија, повреден скијач


 

Горската служба за спасување на Словенија на Фејсбук објави дека вчера се случила лавина на надморска височина од 1.600 метри, а еден скијач завршил под снегот со повреди.

„Почна лавина и еден од четвроица туристи скијачи заврши затрупан во лавината. Среќа е што тогаш немало многу скијачи на патеката. Спасувачите од Госката служба за спасување го згрижиле скијачот кој се повредил, а потоа со хеликоптер на словенечката војска беше пренесен во болница“, се вели во објавата на Фејсбук.

Од Горската служба велат дека планината не бира меѓу искусен и неискусен скијач и дека несреќи се случуваат на сите, но дека треба да се биде внимателен.