Црна Гора: Евакуирани пет лица од снежните наноси


По неколкучасовна акција спасени се пет лица кои останаа затрупани во снежниот нанос на две локации во градот Студено, соопштија од Службата за заштита и спасување на главниот град.

Според извештаите две лица беа заробени на една локација, а тричлено семејство на друга, јавува РТЦГ.

Првата спасувачка акција беше завршена во 12:24 часот, а втората во 13:29 часот. Како што соопштија претходно, првата пријава ја добиле утрово од Даниловградската служба, по што на местото на настанот била испратена спасувачка екипа. Потоа добиле информација дека неколку лица биле завеани на друга локација, исто така во градот Студено.