Во Хрватска со нов закон, по работното време не смеат да ви звонат колегите и шефот


Работодавецот/шефот не смее да му звони на мобилен телефон на работникот, ниту да му испраќа СМС порака и меил после работно време, во неработни денови и за време на одмор. Ова е предвидено со измените на Законот за труд во второ читање во Хрватска. Според измените, работењето во недела ќе се плаќа 50 отсто повеќе. […]

Српската Влада ги ограничи цените на маслото за јадење, шеќерот и брашното


Владата на Србија денеска ја ограничи цената на основните прехранбени производи – цената на сончогледовото масло за јадење не смее да надмине 219,99 динари за литар, цената на белиот кристален шеќер не смее да биде повисока од 114,99 динари за килограм, а брашното од типот Т-400 не смее да биде повисоко од 84,7 динари за […]

Во Софија ќе бидат потпишани договори меѓу музеите на Македонија, Бугарија и Србија


Во Министерството за култура на Бугарија денеска ќе бидат потпишани договори за заеднички активности меѓу Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките, Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија и Националниот музеј на Србија, јави дописникот на МИА. во Софија.   Музеите ќе ги претставуваат нивните директори. На настанот ќе присуствуваат министерот за […]

Штајнмаер денеска во Тирана, прва посета на германски претседател по 27 години


Албанија – Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, денеска ќе допатува во дводневна официјална посета на Тирана, каде ќе пристигне по посетата во Скопје. Ова е прва посета на германски претседател на Република Албанија по 27 години. Со сите државнички почести ќе биде дочекан од неговиот домаќин, албанскиот претседател Бајрам Бегај, со кого ќе имаат куса […]

Со „ламборџини“ и „мерцедес Г-класа“ Албанците во Лондон ја славеа независноста и го блокираа градот


   Стотици Албанци во ноќта на 28 ноември излегоа на улиците на Лондон со блескави автомобили за да го прослават денот на независноста на нивната земја. Видео снимката споделена на интернет покажува дека „ауди“, „ренџ ровер“ и „порше 4×4“ го запираат сообраќајот околу Вестминстер додека полицајците од Метрополитен полицијата се обидуваат да ги придвижат возилата. […]

Столтенберг: НАТО ја зголеми поддршката за БиХ, Грузија и Молдавија по руската агресија врз Украина


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Букурешт изјави дека руската агресија врз Украина доведе до зголемена поддршка на Алијансата за Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија. На почетокот на третата, последна седница на Северноатлантскиот совет (НАЦ) на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на НАТО, Столтенберг рече дека трите земји партнери со години ја […]

Анкета: Поскапувањата на цените, инфлацијата и тешката зима се најголем проблем за осум од десет Грци


 Поскапувањата на цените, инфлацијата и тешката зима се главен проблем за Грците, поделено е мислењето на анкетираните во однос на составот на следната Влада по изборите, а Нова демократија е во предност од осум отсто пред СИРИЗА, се дел од резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Marc“ за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката […]

Амбасадорите на ЕУ одобрија укинување на визите за Косово


 Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија (ЕУ) денеска одобрија укинување на визниот режим за Косово најдоцна од 1 јануари 2024 година. Како што е најавено во Брисел, амбасадорите на земјите – членки на ЕУ денеска договорија преговарачки мандат за безвизен режим за граѓаните на Косово, врз основа на кој претседателот на ЕУ ќе ги започне […]

Вархеи: Кандидатски статус за БиХ е можен веќе на 15 декември


 Европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување, Оливер Вархеи, изјави дека доколку продолжи забрзаниот процес на формирање влада во БиХ на сите нивоа, Европскиот совет веќе може да  одобри статус кандидат за членство во Европската Унија на БиХ на 15 декември, по самитот ЕУ-Западен Балкан. Во интервју за РТРС, Вархеи рече дека тој […]

Нов земјотрес со јачина од 5 степени во близна на грчкиот остров Евија


  Нов земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, согласно податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистриран вечерва кусо по 22 часот по локално време во морскиот дел источно од островот Евија, со ист епицентар каде што рано утрово беа регистрирани три земјотреси меѓу 4,1 и 4,7 степени, јави дописничката […]

Поради насилство во училиштата просветарите во Србија ја прекинуваат наставата


По серијата инциденти и случаи на врсничко насилство и насилство врз вработени во училиштата во Србија, денеска просветните работници најавија прекин на наставата на 1 декември, а министерот за образование Бранко Ружиќ најави до 20 декември нови мерки против насилството, јави дописникот на МИА од Белград. – Работна група ќе ги собере сите релевантни актери: […]

Поскапуваат патарините во Србија – од 1 јануари сметките повисоки за девет отсто


Патарините во Србија од 1 јануари ќе се зголеми за девет отсто, објавија „Путеви Србије“. – Девет отсто поскапување на патарините ќе има од 1 јануари, тоа беше одлучено, а Владата на Србија ја одобри таа одлука минатата недела. Ако сега патарината од Белград до Ниш беше 1.000 динари, по поскапувањето ќе биде 1.090 динари, […]

Земјотрес со јачина од 4,7 степени го погоди грчкиот остров Евија


Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утринава нешто по 6.30 часот по локално време го погоди грчкиот остров Евија, а беше почувствуван и во Атика, пренесува Катимерини. После тоа, речиси еден час подоцна, следеа два нови земјотреси, во истото подрачје, со јачина од 4,1 и 4,2 степени според Рихтеровата скала, пишува грчкиот […]

Вучиќ во Норвешка по помош во спроведување на реформите во енергетиката


Србија– Александар Вучиќ ја започна својата прва работна посета на Норвешка како претседател на Србија, откако пред две недели во Белград се одржа конференција заедно со Норвешка и земјите од Западен Балкан за можностите за инвестирање во обновливи извори на енергија, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ претходно најави дека Србија треба да спроведе […]

Мицотакис очекува нова победа на Нова демократија на следните избори


 Надеж и очекување дека и во 2023 година земјата ќе регистрира рекорден број странски инвестиции, но и дека Нова демократија повторно ќе добие доверба од граѓаните и ќе формира еднопартиска Влада, изрази премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, говорејќи на грчката инвестициска конференција во Линдин, организирана од Атинската берза и „Морган Стенли“, јави дописничката на МИА […]

Во Србија од 1 јануари поскапува струјата за осум и гасот за 11 отсто


  Агенцијата за енергетика на Србија одобри поскапување на струјата и гасот од 1 јануари 2023 година, јави дописникот на МИА од Белград. Од почетокот на 2023 година цената на киловат час струја ќе биде повисока за домаќинствата за осум проценти, а гасот за 11 отсто. Според пресметките на Агенцијата за енергетика, сметката за домаќинствата […]

Драматично се зголемува недовербата спрема ЕУ во Бугарија


  Политичката криза во земјата, како и другите гоеполитички настани предизвикаа за прва пат во Бугарија недовербата спрема ЕУ да биде поголема од довербата. Според истражувањето направено во летото 2022 48 отсто од Бугарите не ѝ верувале на ЕУ, додека во неа имале доверба 43 проценти. Како што пишува софиски „Дневник“ тоа е сигнал дека […]

Мицотакис ќе се сретне со кралот Чарлс Трети, прва средба по преземањето на тронот


Грција– Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој е во посета на Лондон, вечерва ќе се сретне со кралот Чарлс Трети, што ќе биде прва нивна средба по преземањето на тронот на престолонаследникот во септември годинава, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис и неговата сопруга ќе бидат примени од Кралот Чарлс Трети во кралската резиденција во […]

Земјотрес со јачина од 4,6 степени во БиХ


Босна и Херцеговина е погодена од земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтер, јави ЕМСЦ. Епицентарот е забележан на длабочина од 2 километри, 24 километри северозападно од Зеница и 20 км североисточно од Травник. „Во Травник, затресе и траеше околу 5 секунди. Се почувствува како доаѓа“, напиша еден жител на овој босански град на […]

Словенија донесе закон за деполитизација на јавната телевизија


Словенија – Словенците вчера на референдум усвоија закон со цел да се спречат политичките назначувања во јавната телевизија, откако медиумската клима во земјата се влоши за време на претходниот премиер Јанез Јанша. Изборната комисија ги објави резултатите, според кои повеќе од 62 отсто од гласачите дале согласност законот да стапи во сила, веројатно на почетокот на 2023 година. Неколку здруженија за […]