Ковид: Позаразната варијанта на Омикрон стигна во Бугарија


  Новата подваријанта на корона вирусот, Омикрон – XBB.1, е откриена во Бугарија, покажуваат податоците на Националниот центар за инфективни и паразитски болести. Подваријантата XBB.1 е откриена кај два од примероците, на пациенти од Пловдив и од Софија. Во сите примероци беше пронајдена варијантата Омикрон. Оваа подваријанта на Омикрон се смета за позаразна, но нема […]

Канцеларија за КиМ: Две српски момчиња ранети од огнено оружје во близина на Штрпце


Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија денеска соопшти дека бара итна и одлучна реакција на меѓународната заедница, по повредувањето на две момчиња во Готовуши во близина на Штрпце. Врз момчињата било пукано од возило во движење, при што едниот е застрелан во рака, а другиот во рамо. Тие се хоспитализирани во Грачаница. Од Канцеларијата […]

Бугарското Министерство за здравство размислува да забрани извоз на лекови


  Во Министерството за здравство се разговараше за воведување целосна забрана за извоз на лекови од Бугарија, но тоа не е законски, бидејќи според европските конвенции забрана може да се воведе само во вонредна епидемиолошка состојба, изјави денеска технички министер за здравство на Бугарија Асен Меџидиев. – Доколку некоја земја воведе таква забрана, ќе има […]

Како Словенците ги зауздаа цените при воведување на еврото


  Хрватска последните денови, откако на 1 јануари еврото стана официјална валута, се соочува со бран поскапувања при искажување на цените од куни во евра, што предизвика бран реакции во јавноста и закани од владата дека ќе преземе соодветни мерки. Хрватските медиуми се повикувата и на словенечките искуства, со оглед дека овој сосед на Хрватска, […]

Пленковиќ: Односите меѓу Србија и Хрватска треба да се подобрат, помирувањето да се заснова на вистината


 Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, на Божиќниот прием на Српскиот национален совет (СНВ) во Загреб, изјави дека е потребно да се унапредат односите помеѓу Хрватска и Србија и оти помирувањето мора да се заснова на факти и вистини. Пленковиќ наведе дека Хрватска „била жртва на агресија“ од режимот на поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ и додаде дека ова наследство е […]

Дачиќ: Наместо во омраза, Србија и Хрватска треба да се натпреваруваат во изградба на мир


Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска во Загреб изјави дека Србија и Хрватска треба да се натпреваруваат во изградба на мир и добри односи наместо во омраза и сите отворени прашања да се решаваат со дијалог. Дачиќ присуствува на Божиќниот прием на Српското народно собрание (СНВ) во Хрватска. На настанот присуствуваат и членови на […]

Во 2022 година Грците први во Европа по онлајн купување од странство


 Грците се на прво место во Европа по купувања од меѓународни онлајн продавници во 2022 година, се наведува со европското истражување на „ПејПал е PayPal e-комерс индекс 2022“ (PayPal e-Commerce Index). Во 2022 година, 87 отсто од грчките потрошувачи купувале од меѓународни онлајн продавници, а како главните причини за тоа ги навеле: најдобра цена, поширок […]

НАТО: Мисијата на КФОР ги отстрани последните барикади во северно Косово


Мировната мисија на Косово предводена од НАТО (КФОР) денеска го заврши отстранувањето на последните неколку возила што ги блокираа патиштата на северот на Косово, објави Алијансата во соопштение на својата веб-страница. Демонтирањето на последните барикади беше извршено со распоредување инженерски единици … и беше спроведено „брзо и на безбеден начин со цел да се избегнат […]

Пораст на стапката на криминалот во Бугарија


Од јануари до ноември 2022 година споредено со истиот период претходната година, стапката на криминалот во Бугарија севкупно се зголемила за 2,2 отсто. Ова го изјави во Парламентот, вицепремиерот и вршител на должноста министер за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев, каде беше сослушан во врска со случаите на вмешаност на службеници од Министерството за […]

Кучињата кои го убија српскиот новинар биле обучени да напаѓаат луѓе


  Директорот на јавното комунално претпријатие „Ветерина Београд“, Будимир Грубиќ, за Радиотелевизија Србија изјави дека кучињата што го убија новинарот Владан Радосављевиќ се сместени во „Ветерина Београд“ и дека се истражуваат околностите кои довеле до инцидентот. Грубиќ рече дека се работи за стафорд, мешавина од стафорд и питбул, а третото е големо мешано куче. Страшна […]

Хрватската влада најави мерки против неоправданите поскапувања при замена на куната со евро


  Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека Владата ги повикува сите кои неоправдано ги зголемиле цените да ги вратат на нивото од 31 декември. Пленковиќ најави силна владина интервенција за тие кои ги зголемиле цените во процесот на замена на куната со евро. -Некои трговски друштва ја искористија конверзијата за неоправдано да ги […]

„Анонимуси“ пак му се заканија на Вучиќ – почна „Операција Србија“


Хакерската група „Анонимуси“ повторно упатија закани за претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Анонимуси се огласија на Твитер и му порачаа на српскиот претседател Александар Вучиќ да престане со дестабилизација на регионот и со подрршката на Русија. Како што наведуваат, ја почнаа „операцијата Србија“, додавајќи дека неколку веб-страници на Владата на Србија се соборени претходните денови.

Повеќе од 1.200 нови случаи на Ковид-19 во Србија, седуммина починати


Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 1.235 нови случаи на Ковид-19 меѓу 11.115 тестирани, јави „Танјуг”. Седум лица починале како последица на инфекција со коронавирус. Во болниците низ Србија во моментов се лекуваат 252 пациенти, од кои 23 се на респиратор.

Маж во Загреб со секира нападнал жена и дете, девојчето починало


  Маж (41) доцна синоќа во Загреб, Хрватска, на улицата „Козара“, со секира нападнал жена на возраст од 41 година и дете од 1,5 години. Побегнал и се фрлил под автомобил. Од последиците здобиени од повредите девојчето починало во болница во Загреб. Напаѓачот побегнал и завршил на обиколницата каде на него налетало возило и го […]

Земјотрес во Хрватска кај Осиек


  Во околината на Бали Манастир во Хрватска, рано утрово, околу 5 часот, забележан е земјотрес со магнитуда од 3,5 степени според Рихтер, јави ЕМСЦ. Наведено е дека епицентарот бил на длабочина од 10 км и неколку километри од Бели Манастир, а граѓаните јавуваат дека се почувствувал и во Осиек, пренесе Индекс.хр. Нема извештаи за […]

Привилегираните производители на струја во Црна Гора минатата година добиле субвенции од 5,46 милиони евра


  Привилегираните производители на електрична енергија во Црна Гора минатата година оствариле приходи во износ од 42,43 милиони евра, вклучувајќи ги и субвенциите од 5,46 милиони евра што компаниите ги добиле за струјата произведена од обновливи извори. Останатите 37,11 милиони евра се приходите остварени од продадената струја по пазарна цена. Според податоците на Црногорскиот оператор […]

Хорор во Србија: Кучиња до смрт искасаа познат аналитичар и новинар


Аналитичарот Владан Радосављевиќ (62) почина откако го искасаа кучиња во Велика Иванча, јавија српските медиуми. Според полицијата, тој се шетал во месноста Велика Иванча, кога околу 12:15 часот бил нападнат од три кучиња. Од МВР додаваат дека мажот набрзо искрварил до смрт и починал на на самото место, и дека неговото тело е однесено на […]

Вучиќ соопшти дека ова е неговиот последен мандат како претседател на Србија


  Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска соопшти дека ова е негов последен претседателски мандат. На почетокот на годишнoто обраќање, Вучиќ рече дека „нема да го менува Уставот“ за да остане подолго време претседател на Србија. „Ова е мојот последен мандат, нема да го менувам Уставот. Наскоро во првата половина на следната година повеќе нема да […]

Стојанов: Украина бара и оклопни воза за противвоздушни ракетни системи


 Бугарскиот технички министер за одбрана Димитар Стојанов денеска изјави дека Украина побарала од Софија не само разновидна муниција, туку и оклопни возила за противвоздушни ракетни системи. Неговата изјава беше одговор на прашање дали при неговата посета на Украина во декември била побарана дополнителна воена помош. – Вредноста на оружјето што ќе и биде доставено на Украина ќе […]

Српскиот министер за надворешни работи в петок на божиќен прием во Загреб


 На традиционалниот божиќен пречек во Загреб организиран од Српскиот национален совет (СНВ) в петок ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, министерот за човекови права во српската влада, Томислав Жигманов, патријархот српски Порфириј и од хрватската партија премиерот Андреј Пленковиќ со министри.   „Годинашниот прием на СНВ ќе биде централен настан на […]