Силен земјотрес ја погоди Турција


Турција – Земјотрес со интензитет од 5,2 степени ја погоди Турција, соопшти денеска Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот се случил во 4 часот и 36 минути, а епицентарот бил на 25 километри јужно од градот Елазиг, на длабочина од два километри. Засега нема извештаи за штети. 

Мицотакис најави парламентарни избори во Грција напролет


  Во Грција напролет ќе се одржат парламентарни избори, изјави денеска грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, потврдувајќи ги извештаите на локалните медиуми дека Владата размислува за избори околу април. „Изборите ќе се одржат напролет, во основа во моментот кога практично го исцрпивме нашиот четиригодишен мандат“, изјави за новинарите Мицотакис, чиј мандат истекува во јули. Лидерот на […]

За еден месец хрватската полиција запленила 27,4 кг хероин и 5,6 кг кокаин, пратките биле од Албанија


  На граничниот премин Карасович на хрватско – црногорската граница, хрватските полицајци синоќа заплениле уште една пратка со хероин, која доаѓала од Албанија, јавија албанските медиуми. Уапсени 24- годишен албански државјанин во чиј автомобил биле откриени 11 килограми хероин. Претходно на 16 декември во Хрватска во автобус со албански регистарски таблички беа откриени 5,4 килограми […]

Земјотрес во близина на Загреб


  Земјотрес со интензитет од 2,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 10 часот и 4 минути во близина на Загреб, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска. Како што е објавено на веб-страницата на таа служба, епицентарот бил во близина на Загреб, а интензитетот во епицентарот бил ЕМС од III-IV степен. Порталот Индекс објави дека […]

Седум земјотреси ноќеска во областа Клос, североисточно од Тирана


Седум земјотреси се регистрирани во Албанија од синоќа до утрово во областа Клос, североисточно од Тирана. Од синоќа во 20 часот и 30 минути до утринава во 6 часот и 36 минути во тоа подрачје се регистрирани седум земјотреси со јачина од 2 до 3,5 степени според Рихтеровата скала, јави Еј-Би-Си Њуз. Тресењето на земјата […]

Земјотрес од 3,4 степени по Рихтер близу Тирана


  Земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот бил на 23 километри североисточно од Тирана, на длабочина од шест километри.

Мали сипаници во Србија, заболеле шестмина невакцинирани


  Во Србија се појавија мали сипаници и затоа е зајакнат епидемиолошкиот надзор. Сипаници се потврдени кај шест лица од Смедерево, соопшти белградскиот Институт за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Станува збор за пет невакцинирани, помлади од две години, кои се хоспитализирани и едно 47-годишно лице чиј статус на вакцинација не е […]

Притвореник си ја сошил устата во босански затвор


Милан Матковиќ, од Нови Сад, како и некои други лица кои по наредба на Обвинителството на БиХ беа уапсени за трговија со дрога, започнаа штрајк со глад додека беа во притвор во Државниот затвор во Војковиќ. Во знак на протест што, како што тврдат, им се прекршени човековите права, Матковиќ утрово си ја сошил устата, […]

Шоле побара од Вучиќ да запре активноста на „Вагнер“ во Србија


  Високиот американски претставник Дерек Шоле во четвртокот изрази силна загриженост за активностите на руската платеничка група  „Вагнер“ и нејзините наводни обиди да регрутира војници во Србија и на други места во светот. Советникот на американскиот Стејт департмент Шоле рече дека ја изразил оваа загриженост за време на разговорите во Белград со српскиот претседател Александар […]

Амонијак истече од вагон на пруга кај Панчево, едно лице префрлено во болница


Амонијак истече од товарен вагон на пруга во близина на градот Панчево, источно од Белград. Како што јави Српската радио и телевизија, едно лице е префрлено во болницата во Панчево на кислодорна терапија. Инцидентот се случил синоќа околу 22:30 часот во населбата Топола Рит, на товарен железнички колосек. На лице место се испратени екипи на […]

Либералите беа последната шанса за Југославија


Тито играше двојна улога за време на студентските протести во 1968. Од една страна ги поддржуваше студентите, а од друга страна застана зад конзервативните кругови кои беа против либералните раководства Во октомври 1972 година, во Србија беше извршена голема политичка чистка: беа сменети повеќе од 6.000 политичари, стопанственици и медиумски работници кои припаѓаа на либералната […]

Голема акција против бугарска банка за криптовалути


Бугарија – Бугарското обвинителството денеска се очекува да соопшти повеќе детали за специјалната акција за крипто-измами со можно бугарско учество. Во Бугарија синоќа е покрената е голема истрага против позната бугарска банка за криптовалути. Инспекторите тврдат дека 94 милијарди долари промет поминал преку платформата NEXO, која е поврзана со поранешен пратеник. Над 300 обвинители и специјални […]

Србија има околу 760.000 жители помалку отколку во 2011 година


Србија – Србија, иако според првите резултати од пописот има околу половина милион жители помалку од 2011 година, сепак се проценува дека намалувањето е поголемо од тоа и изнесува околу 760.000 жители, изјави синиоќа Љиљана Ѓорѓевиќ, претставник на српскиот Завод за статистика. Во изјава за РТС таа нагласи дека Нови Сад и Белград имаат негативен […]

Брнабиќ со Шоле: Конструктивната улога на САД во зачувувањето на мирот во регионот


Премиерката Ана Брнабиќ денес во Белград разговараше со политичкиот советник на државниот секретар на САД, Дерек Шоле. Премиерката се заблагодари за отворениот и конструктивен пристап што Соединетите Американски Држави го имаат во однос на отворените прашања во регионот, а особено за конструктивната улога на САД во зачувувањето на мирот во регионот, соопшти Владата на Србија. […]

Хорор во Бугарија: Татко го полил 4-годишниот син со бензин и го запалил


Четиригодишно дете било примено во Ургентниот центар во Благоевград, полиено со бензин и запалено од сопствениот татко, дознава бТВ. Детето има 80% изгореници по телото и итно е пренесено во придружба на мајка му во „Пирогов“. Според зборовите на мајката, таа не живеела со таткото на детето. Таа во полиција рекла дека тој е виновен. […]

Албанија на прагот на епидемија на грип, се зголемува бројот на заразени, болниците се полни


Албанија– Институтот за јавно здравје на Албанија попладнево соопшти дека официјално неделно се пријавуваат по 14.000 случаи на заразени со грип, а споредено со пред една недела овој број е зголемен за 2.000 заразени. – Но, ова е само бројка на оние кои побарале лекарска услуга, бидејќи многу луѓе заболени од вирусот на грип не одат […]

Вучиќ разговараше со Шоле и ги повикаа САД да влијаат на Приштина


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во разговор со советникот на Стејт департментот Дерек Шоле ги повика САД да ја охрабрат Приштина да ги исполни своите обврски од прифатените и потпишаните договори и да продолжи дијалогот со Белград. – Изразив очекување дека САД ќе ги препознаат напорите на Србија за зачувување на мирот и стабилноста […]

Во Грција потврдени првите случаи на новиот сој „Кракен“


Во Грција се потврдени шест случаи на новиот сој на коронавирусот ХББ.1.5, познат под името „Кракен“. Според Националната организација за јавно здравје на Грција, сите случаи, што воедно се и првите потврдени во земјата, се во областа Атика, поширокиот регион на Атина. 

Судот во Замбија овозможи Хрватите, кои посвоија деца во ДР Конго, да се бранат од слобода


Осумтемина Хрвати осомничени во Замбија за трговија со луѓе односно во исправноста на документите за посвојување на деца од Демократска Република Конго, ќе се бранат од слободата откако ќе платат кауција, ќе ги достават пасошите, редовно да се јавуваат полиција и да го регулираат престојот во земјата, одлучи денеска судот во Ндоли. Четири брачни двојки еден месец се во притвор во […]

Скопје на 6. место по трошоци за живот во Западен Балкан


Тирана, главниот град на Албанија, е третото најскапо место за живеење на Западен Балкан, по Будва и Белград, покажа извештајот на Numbeo 2023 за животните трошоци. Потоа доаѓаат Сараево, Подгорица, па Скопје каде трошоците за живот се со индекс од 36,8 отсто, додека индексот на најскапиот Базел е 127. Од Скопје, поефтини се Ниш, Тузла и Приштина […]