Советот на ЕУ ја усвои одлуката за визна либерализација за граѓаните на Косово


Министрите за внатрешни работи на земјите членки на Европската Унија (ЕУ),  на денешното таканареченото прво читање го усвоија ставот за безвизно патување за имателите на пасоши издадени од Косово. Новите правила ќе им овозможат на имателите на косовски пасоши да патуваат во ЕУ без виза во период од 90 дена, во кој било период од […]

Ново зголемување на референтната камата во Србија, сега е 5,75 отсто


Народната банка на Србија денеска ја зголеми референтната каматна стапка за 25 базични поени, на ниво од 5,75 отсто. Стапката на депозитни средства е задржана на ниво од 4,50 отсто, а стапката на кредитните капацитети е зголемена на 7,00 отсто. При донесувањето на оваа одлука, Извршниот одбор на НБС имаше предвид дека и покрај знаците […]

Дачиќ не верува дека ќе дочека членство во ЕУ


На Балканскиот форум во Будимпешта, на кој присуствуваа министрите за надворешни работи на Македонија, Србија, Унгарија и Албанија, шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ рече дека не е оптимист дека ќе дочека овие земји да станат членки на ЕУ. Според него,мора да направиме се за да не им наштетиме на тие интеграции. Тој потсети дека поминаа […]

ЕК ќе ѝ помага на Грција да ја подобри железничката мрежа


По железничката несреќа кај Темпи минатата седмица со 57 загинати, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис одржал средба со претставници на Европската комисија надлежни за железничкиот сообраќај, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Според истите информации, членовите на европската делегација на Мицотакис му ги претставиле нивните размислувања, кои ќе бидат формулирани во конкретни предлози за подобрување на работата […]

Февруарската инфлација во Албанија е 7,1 отсто


Во Албанија инфлацијата, покажа знаци на забавување и во февруари годинава, што е четврт месец по ред нивото од кога бележи благо опаѓање. Институтот за статистика (ИНСТАТ) денеска го објави индексот на трошоците на животот, според кој промената на цените на потрошувачката во февруари изнесува 7,1 отсто, наспроти 3,9 отсто колку што изнесувала истиот месец […]

Турција: Се урна петкатна зграда оштетена во минатомесечните земјотреси


Во турскиот град Малатија се урна петкатна зграда која беше тешко оштетена во земјотресите на почетокот на февруари. Пожарникарите, војската и медицинските екипи проверуваат дали имало некој во зградата кога се случило уривањето, јавува агенцијата Anadolu. Како резултат на двата разорни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,6 степени во јужните турски градови, беа уништени […]

Штетите од разорните земјотреси во Турција изнесуваат околу 80 милијарди долари


Турскиот министер за земјоделство и шумарство Вахит Киришчи денеска изјави дека штетите од разорните земјотреси во Турција на 6 февруари досега се проценуваат на околу 80 милијарди долари, а извозното производство во погодените области е намалено за 40 отсто. – Тоа што се случи е многу болно за нас. Штетите се проценуваат на 80 милијарди […]

Романија купува американски тенкови Абрамс


Романските воени претставници најавија дека државата ќе купи баталјон тенкови Абрамс од САД, со што Букурешт ќе стане трет корисник на тој тип тенкови во Европа, по Полска и Украина. Според порталот Балканска безбедносна мрежа, одлуката на Букурешт се заснова на заклучоците од анализата на Министерството за одбрана за итната модернизација на оклопните единици, која […]

Штрајк на синдикатите поради железничката несреќа утре ќе ја парализира Грција


Железничката несреќа со 57 жртви е главната причина одбележувањето на утрешниот Меѓународен ден на жената, синдикатите во Грција да го претворат во 24-часовен штрајк со закажани низа протести. Грција утре ќе биде без бродски и железнички сообраќај, во прекин ќе биде и јавниот превоз во Атина, со исклучок на метрото и трамвајот што ќе работат  неколку […]

Студенти од осум земји градеа мостови од шпагети


Студенти од осум земји, меѓу кои и Македонија, градеа мостови од шпагети во Нови Пазар На меѓународен натпревар под назив „Градиме мостови на знаење“ на Државниот универзитет во Нови Пазар, Србија, во изминатите три дена учествуваа повеќе од 120 студенти по архитектура и градежништво. Учествуваа студенти и од Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Србија, […]

Од затвор пуштен еден од осудените за убиството на Зоран Ѓинѓиќ


  Душан Крсмановиќ, поранешен член на Земунскиот клан, кој е еден од обвинетите за убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, е пуштен од затвор. Крсмановиќ е ослободен пред 20-годишнината од атентатот на поранешниот премиер. Тој беше ослободен откако одлежа 20 години затвор. Уапсен е во акцијата „Сабја“, со првостепената пресуда е осуден на 30 години затвор, […]

Дали „Катар ервејс“ ќе стане нов стратешки партнер на „Ер Србија“?


  „Ер Србија“ има потреба од стратешки партнер за да обезбеди дополнителен капитал за можните ризици кои доаѓаат од меѓународното опкружување и за натамошно проширување на мрежата, изјави уредникот на воздухопловниот портал Танго шест, Петар Војиновиќ. Тој за Бета, во врска со изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека на домашната авиокомпанија „Ер Србија“ […]

На границата со Србија фатени тројца Хрвати со радиоактивен материјал, границата озрачена


  На српската страна од граничниот премин „Бездан“ кон Хрватска сопрен е автомобил во кој е детектирано опасно ниво радијација откако возачот и двајца сопатници, сите хрватски државјани, се уапсени, објави сомборскиот портал SOinfo.org, а пренесе регионалниот медиум Ен1. Присуството на радиоактивниот материјал, според објаснувањето кое неофицијално го добиле во порталот, го детектирале сензорите на […]

Бугарско бескрајно изборно пропаѓање


  На почетокот на април во Бугарија ќе се одржат петти парламентарни избори за помалку од две години. Ниту Израел, со ист број на избори но за четири години, или Шпанија со четири избори во четири години, не се блиску до фреквенцијата со која Бугарите се повикуваат на гласање. Најблискиот европски преседан се случи пред повеќе […]

Рама во официјална посета на Германија


Албанскиот премиер Еди Рама денес ќе престојува во официјална посета на Берлин, Германија. Посетата е во функција на улогата домаќин на Албанија на Берлинскиот процес за Западен Балкан, која премиерот Рама ја презеде на Самитот на Берлинскиот процес на 3 ноември 2022 година. -Премиерот  ќе оствари средба со германскиот канцелар Олаф Шолц, со фокус на […]

Приведен најбогатиот бугарски градежен претприемач


Градежниот претприемач и бизнисмен Велико Желев е приведен, а бугарското Министерство за внатрешни работи, во негово присуство, извршило претреси во неговите канцеларии, јавува Еуроњуз Бугарија. Според првичните информации, се работи за истрага за принуда. Повеќе детали се очекуваат утре. Според првичните податоци, бизнисменот го натерал својот вработен да потпишува документи со невистинита содржина, додаваат од […]

Турската опозиција се обедини за Кемал Киличадроглу како анти-Ердоган кандидат


  Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сега знае со кого ќе се соочи овој мај, на најконкурентните избори во неговото 20-годишно владеење: Кемал Киличдароглу. По неколкунеделни жестоки преговори во кои опозициската алијанса, составена од партии од целиот политички спектар од лево кон десно, беше блиску до распаѓање, таканаречената коалиција „Маса на шестмина“ официјално го избра […]

Во Загреб 18-годишник упаднал во училница и се заканувал со мачета, полицијата го уапси


Во гимназија во центарот на Загреб денеска 18-годишник упаднал во училница за време на наставата и со мачета му се заканувал на еден од учениците. По инцидентот, во кој нема повредени, тој побегнал од училиштето. Подоцна полицијата го уапсила сторителот. Директорката на гимназијата за Индекс изјави дека околу 14 часот во училницата во кој биле […]

Ердоган: За една година ќе изградиме 488.000 нови домови за жртвите од земјотресите


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе го реновира јужниот регион на Турција, на кој беше под влијание на силните земјотреси минатиот месец, во животот го загубија најмалку 46.144 луѓе. – Денес, додека ја оставаме зад себе четвртата недела од земјотресот, ја гледаме големината на катастрофата што ја доживеавме и подлабоко чувствуваме болка од […]

ДЕА отвори канцеларија во Тирана- засилена борба против трговијата со дрога и перење пари


Албанија- Американската амбасада во Тирана соопшти дека во Тирана е отворена канцеларија на ДЕА,  заради борба против трговијата со дрога и перење пари поврзани со тоа, а за подобра иднина на албанските граѓани, јави abcnews.al. Во исто време се повикува „секој кој има сознанија или информации за случаи на трговија со дрога да пријави, за што […]