Турција: Се урна петкатна зграда оштетена во минатомесечните земјотреси


Во турскиот град Малатија се урна петкатна зграда која беше тешко оштетена во земјотресите на почетокот на февруари.

Пожарникарите, војската и медицинските екипи проверуваат дали имало некој во зградата кога се случило уривањето, јавува агенцијата Anadolu.

Како резултат на двата разорни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,6 степени во јужните турски градови, беа уништени десетици илјади згради, а голем број беа сериозно оштетени и неупотребливи без поправка.

Повеќе од 232.000 згради се сериозно оштетени или ќе бидат урнати во областа погодена од разорните земјотреси на 6 февруари, изјави во вторникот министерот за животна средина, урбанизам и климатски промени Мурат Курум, пренесува Anadolu.