Грција побара совет од ЕУ за подобрување на безбедноста на железницата


Грција побарала совет од Агенцијата за железници на Европската унија (ЕРА) како да ја подобри безбедноста на железницата по несреќата на 28 февруари во која загинаа 57 лица, изјави денеска премиерот Киријакос Мицотакис.

Во таа прилика воз со 350 патници, од кои повеќето студенти, се судри со товарен воз во близина на Лариса, во централна Грција.

Несреќата предизвика јавни протести против властите кои, како што наведе „Ројтерс“, постојано ги игнорирале повиците на железничките синдикати да ја подобрат безбедноста и да вработат повеќе луѓе.