Невремето затвори 29 патни правци во Романија


Букурешт – Поради невремето затворени се 29 национални патни правци ширум Романија. Силниот ветер и снегот го отежнуваат чистењето на патиштата. Метеоролозите предупредија дека ќе продолжи да паѓа снег, ветерот на места ќе достигне брзина од 70 километри на час, а можна е и појава на голомразица. Поради невремето во одредени делови на Романија затворени се и училиштата, а има и прекин во снабдувањето со електрична енергија […]

Мило Ѓукановиќ поднесе оставка на лидерското место во ДПС


По поразот во неделата на претседателските избори во Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска поднесе оставка од функцијата претседател на неговата Демократска партија на социјалистите (ДПС). РТЦГ вечерва соопшти дека в.д. претседател на партијата до конгресот ќе биде Данијел Живковиќ, актуелниот шеф на пратеничкиот клуб на ДПС во црногорскиот парламент. Ѓукановиќ на чело на ДПС е […]

Кога Мило Ѓукановиќ дојде на власт постоеја и Југославија и Советскиот Сојуз


  Мило Ѓукановиќ беше на власт, барем во некоја форма, речиси 33 години, додека не загуби од Јаков Милатовиќ во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора. Долговечноста на неговото владеење најдобро се илустрира со тоа колку поинаку изгледал светот непосредно пред Мило да стане премиер. На почетокот на 1991 година, на 15 февруари, […]

Борисов би правел влада со сите, дури и со Преродба. Па им се закани на сите


  Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов во првите коментари по неделните избори ги повика сите партии во парламентот да учествуваат во правењето на редовна влада, но во исто време се закани дека доколку не биде прифатено неговата партија ГЕРБ ќе го блокира носењето на буџетот. Како партија што доби најмногу гласови ГЕРБ ќе го добие […]

Хрватска остана без работници, увезува од Филипините и Непал


  Хрватските компании во трудоинтензивните сектори туризам, угостителство и градежништво вработуваат многу луѓе од странство, а голем број доаѓаат од земји како Филипините, Непал и Индија, објавија локалните медиуми. Недостигот на работна сила стана хроничен проблем за локалната економија во текот на изминатите неколку години, главно поради комбинацијата на масовно иселување во побогатите европски земји […]

Грција ќе „увезе“ 168.000 работници од трети земји


Недостигот на работна сила во Грција во повеќе сектори меѓу кои земјоделството, сточарството, градежништвото, но и туризмот резултира земјата за периодот 2023-2024 година, да увезе 168.000 работници од трети земји, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите на весникот, за пополнување на слободните работни места веќе е издадена и соодветна […]

Четири години затвор за премиерот на Федерацијата на БиХ за набавка на респиратори


  Премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, е прогласен за виновен како првообвинет во случајот „Распиратори“, а првостепено е осуден на четири години затвор од судот во Сараево. За ова, покрај него, виновни се обвинетите Фикрет Хоџиќ, сопственикот на компанијата „Сребрена малина“, кој доби пет години и поранешниот директор на Федералната управа […]

Монструмот осуден на 401 година затвор, повторно пуштен на слобода, еднаш веќе ја прекрши условната


Грција сериозно ја вознемири веста дека нејзиниот кошаркарски селектор Никос Сеирагакис е пуштен на условна слобода. Споменатиот во 2011 година беше осуден на 401 година затвор за педофилија и злоупотреба на 36 деца. На крајот на април 2020 година, Сеирагакис за прв пат беше пуштен на условна слобода, што ја шокираше тогашната јавност, но многу […]

Албанија треба да му плати 110 милиони евра на Франческо Бечети 


Тирана – Арбитражниот суд донесе конечна одлука со која Албанија дефинитивно го загуби случајот против италијанскиот претприемач Франческо Бечети, во врска со обесштетувањето што тој го побара за затворањето на телевизијата „Агон чанел“ во 2015 година.  Според одлуката, Албанија треба да му исплати 110 милиони евра, како и обврска од 145 илјади евра за повторното отворање на […]

Во 2018 година починало 5-годишно дете откако му дале инфицирана крв во болница во Загреб


Петгодишно момче починало откако примило крвен производ контаминиран со ешерихија коли во Детската болница во Загреб. Ова се случилои во 2018 година. Според записникот на Институтот за судска медицина и криминалистика, составен по обдукцијата, момчето во Детската клиника во Загреб се лекувало од метастатски медулобластом, вид тумор на мозокот. Според записникот, момчето починало со насилна […]

Два дена откако изгуби на изборите Мило Ѓукановиќ доби наредба да урне две негови дивоградби


 Вонпарламентарното Христијанско-демократско движење, основано од поранешниот премиер на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, во доцна синоќа објави дека на шефот на државата во заминување Мило Ѓукановиќ, ден по поразот на изборите, инспекторатот доставил наредба да бидат урнати негови дивоградби во Никшиќ бидејќи се во спротивност со општинскиот просторно – урбанистички план. Таа партија до медиумите ја […]

Нова демократија со 4,5 отсто во предност пред СИРИЗА


На месец и половина пред парламентарните избори во Грција, владејачката Нова демократија има предност од 4,5 отсто пред опозициската СИРИЗА, согласно резултатите од новото истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Во споредба со претходната анкета пред 20 дена, нема промена на рејтингот на […]

Бугарија: Партијата на Петков нема да поддржи влада на ГЕРБ


  Тешко ќе оди составувањето на можна голема коалиција во Бугарија откоако денеска попладне Националниот совет на партијата Продолжуваме со промената донесе одлука да не поддржи кабинет со мандат или учество на ГЕРБ. Тоа го објави копретседателот на партијата Асен Василев. „Националниот совет му дава мандат на Извршниот совет да испрати претставници за да одржат […]

Косовката Влора Хисени стана директорка на албанската разузнавачка служба – ШИШ


Тирана– По предлог на премиерот Еди Рама и потпишаната уредба од шефот на државата Бајрам Бегај, за директор на албанската тајна служба, ШИШ, е намиенувана Косовката Влора Хисени.   „Само што ја завршивме презентацијата во институцијата на новата директорка на ШИШ , Влора Хисени,  за чие наименување уредба потпиша претседателот на државата. Честитки,“ напиша Рама […]

Хрватите од денеска патуваат без виза во САД


Загреб – Хрватска стана полноправен партнер во програмата на САД за укинување на визи, со што на граѓаните им се овозможува без виза да патуваат во САД, потврди претставникот на американската амбасада во Загреб, Марк Флеминг. Флеминг истакна дека на влезот на Хрватска во оваа програма и претходело исполнување на строги критериуми. – Хрватска стана 40-ти учесник во програмата за укинување на визите во САД, исклучиво со […]

Тачи: Светот сега знае дека немало „Жолта куќа“


Поранешниот командант на ОВК, Хашим Тачи, обвинет за злосторства во Косово и Албанија, денеска пред судот во Хаг, негираше дека ОВК тргувала со човечки органи на затвореници во 1999 година и повтори дека не е виновен за делата во обвинението. – Светот сега знае, како резултат на овие процеси, дека немало трговија со органи и дека Жолтата куќа никогаш […]

Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според Рихтер ја погоди Анталија


Анталија – Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран денеска во турската медитеранска област Анталија, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер. Според податоците на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни ситуации, епицентарот на земјотресот бил во реонот на градот Дексмо на длабочина од седум километри. Потресот е регистриран во 11:54 часот […]

Националистичката Преродба e вистинскиот победник на изборите во Бугарија


  Главниот прилив на нови гласови за националистичката и русофилска партија Преродба на бугарските избори дојде од неочекувано место – од луѓето што претходно гласале за реформистичката партија Продолжуваме со промената. Преродба е вистинскиот победник на изборите во неделата затоа што доби 357 илјади гласови, или 14,15 отсто. Во споредба со гласањето лани во октомври […]

Во поголем дел од Србија снег, снежна бура на Златибор и Копаоник


Во поголемиот дел од Србија утрово паѓа снег, а и во главниот град наврнаа околу 20 сантиметри снег. Во вечерните часови дождот на Златибор премина во силно снежно невреме, а снежна бура има и на Копаоник, кој во 18 часот беше постудено со минус осум Целзиусови степени. Во најголемиот дел од Србија температурите се движат […]

За што му се суди на „злосторничкото здружување“ предводено од Хашим Тачи?


Вчера во Хаг започна судењето на поранешниот премиер на Косово и лидер на ОВЈ, Хашим Тачи, со тројца членови на Главниот штаб на кое тие се изјаснија за невини. Но, обвинителството во Хаг најави над 300 сведоци, порачувајќи дека е голема храброст што тие ќе проговорат за тортурите на суд. За што всушност ќе одговараат […]