Во поголем дел од Србија снег, снежна бура на Златибор и Копаоник


Во поголемиот дел од Србија утрово паѓа снег, а и во главниот град наврнаа околу 20 сантиметри снег.

Во вечерните часови дождот на Златибор премина во силно снежно невреме, а снежна бура има и на Копаоник, кој во 18 часот беше постудено со минус осум Целзиусови степени.

Во најголемиот дел од Србија температурите се движат од нула до два степени, а најтопло е во Неготин со шест степени.

На подрачјето на западна и југозападна Србија и во Шумадија во сила е црвен метео тревог a што значи дека времето е многу опасно.

За Срем и Белград е вклучен портокалов метео аларм што укажува на опасно време.
Претпладне и пред пладне во Србија ќе има врнежи од дожд и на места снег.