Бугарите ќе се откажуваат од еврозоната иако ЕУ не ги прими во неа


Бугарската партија  Преродба (Вазраждане) поднесе 590.000 потписи од вкупно 37.000 страници за одложување на усвојувањето на еврото. „Она што ќе го постигнеме е дека  наесен ќе има референдум заедно со локалните избори“, изјави лидерот на Преродба, Костадин Костадинов. Костадинов посочи дека влегувањето во еврозоната е „стапица од која нема излез“. „Уништувањето на бугарскиот лев ќе […]

Банката на Грција предвидува раст за 2,2 отсто и пад на инфлацијата на 4,4 проценти за 2023 година


Раст од 2,2 отсто и пад на инфлацијата на 4,4 проценти за 2023 година, предвидува гувернерот на Банката на Грција Јанис Стурнарас, презентирајќи го годишниот извештај, јави дописничката на МИА од Атина. Стурнарас рече дека според последните проценки на Банката на Грција, за грчката економија предвиден е раст со стапка од 2,2 отсто во 2023 […]

Пред или по Велигден ќе биде готов извештајот на експертската комисија за железничката несреќа


Атина –  Извештајот на надлежната експертска комисија за железниката несреќа кај месноста Темпи се очекува да биде завршен или до Велигден или седмицата по празникот, соопштил денеска државниот министер во функција на министер за транспорт и инфраструктура на Грција Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина. Надлежниот министер го презентирал и новиот дигитален систем за […]

Додик: Република Српска ќе стане независна бидејќи БиХ не може во „Отворен Балкан“


Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека РС ќе стане независна држава, бидејќи Босна и Херцеговина не може да биде дел од регионалните иницијативи, како што е „Отворен Балкан“. Додик оцени дека „Отворен Балкан“ е добра иницијатива, но дека Босна и Херцеговина не мисли така. „Бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Денис Беќиревиќ, штом ќе […]

Познати личности во Бугарија бараат да се формира проевропска влада


  Повеќе од 100 јавни личности од културата, науката, медиумите и политиката во Бугарија упатија апел за итно формирање на проевропска влада по изборите што се одржаа на 2 април. Тие ги повикуваат „политичките партии кои се дефинираат како проевропски да постигнат разбирање и да формираат парламентарно мнозинство околу јасни приоритети и неприкосновен кандидат за […]

Албанската морнарица првпат во операцијата на НАТО „Чувар на морето“


Тирана– Албанската морнарица првпат ќе учествува во операцијата на НАТО „Чувар на морето“, бидејќи нејзиниот брод АЛС Лисус ќе патролира по Јадранското Море и централниот дел од Средоземно Море, јавија албански медиуми.    Тоа е втора фокусирана поморска патрола во 2023 година, со цел собирање информативни модели за животот, развојот и одржувањето на поморската ситуациска […]

Вучиќ: Западот нѐ бомбардираше за да ни го украде Косово, а не поради Милошевиќ


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа изјави дека западните земји ја бомбардирале Југославија за да биде Косово независно, а не поради политиката на тогашниот српски лидер Слободан Милошевиќ. – Оние кои удираа по нас не го направија тоа поради Слободан Милошевиќ, туку поради нивните геополитички интереси, за да ни го украдат Косово. И уште се чудат како ние се бориме и како го […]

Во Црна Гора сопствениците на јахти се претежно Руси и Срби


Подгорица– Под црногорско знаме пловат 363 јахти, од кои 42 се во сопственост на црногорски државјани. Најбројни странци кои регистрираат јахти под црногорско знаме се државјани и правни лица од Русија и Србија, објави Владата на Црна Гора на својата веб-страница. Граѓаните на Русија регистрирале 109 јахти во Црна Гора, а 99 на Србија. Граѓаните […]

Србија ќе забрани продажба на електронски цигари на малолетници


 Министерството за внатрешна и надворешна трговија на Србија соопшти дека започнува со изработка за измени на Законот за заштита на потрошувачите, а како што е наведено на веб-страницата на Министерството, измените ќе бидат во делот што се однесува на забраната за продажба на електронски цигари и други производи со или без никотин на малолетни лица, […]

Минатата година во Грција регистрирани 74 случаи на расистичко насилство


Во 2022 година, во Грција биле регистрирани 74 случаи на расистичко насилство во кои, поголемиот дел од жртвите се бегалци/мигранти или припадници на ЛГБТ заедницата, јави дописничката на МИА од Атина. Мрежата за регистрација на случаи на расистичко насилство денеска во Атина го презентираше годишниот извештај, а претседателката на Националната комисија за човекови права, професорката […]

Невремето затвори 29 патни правци во Романија


Букурешт – Поради невремето затворени се 29 национални патни правци ширум Романија. Силниот ветер и снегот го отежнуваат чистењето на патиштата. Метеоролозите предупредија дека ќе продолжи да паѓа снег, ветерот на места ќе достигне брзина од 70 километри на час, а можна е и појава на голомразица. Поради невремето во одредени делови на Романија затворени се и училиштата, а има и прекин во снабдувањето со електрична енергија […]

Мило Ѓукановиќ поднесе оставка на лидерското место во ДПС


По поразот во неделата на претседателските избори во Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска поднесе оставка од функцијата претседател на неговата Демократска партија на социјалистите (ДПС). РТЦГ вечерва соопшти дека в.д. претседател на партијата до конгресот ќе биде Данијел Живковиќ, актуелниот шеф на пратеничкиот клуб на ДПС во црногорскиот парламент. Ѓукановиќ на чело на ДПС е […]

Кога Мило Ѓукановиќ дојде на власт постоеја и Југославија и Советскиот Сојуз


  Мило Ѓукановиќ беше на власт, барем во некоја форма, речиси 33 години, додека не загуби од Јаков Милатовиќ во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора. Долговечноста на неговото владеење најдобро се илустрира со тоа колку поинаку изгледал светот непосредно пред Мило да стане премиер. На почетокот на 1991 година, на 15 февруари, […]

Борисов би правел влада со сите, дури и со Преродба. Па им се закани на сите


  Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов во првите коментари по неделните избори ги повика сите партии во парламентот да учествуваат во правењето на редовна влада, но во исто време се закани дека доколку не биде прифатено неговата партија ГЕРБ ќе го блокира носењето на буџетот. Како партија што доби најмногу гласови ГЕРБ ќе го добие […]

Хрватска остана без работници, увезува од Филипините и Непал


  Хрватските компании во трудоинтензивните сектори туризам, угостителство и градежништво вработуваат многу луѓе од странство, а голем број доаѓаат од земји како Филипините, Непал и Индија, објавија локалните медиуми. Недостигот на работна сила стана хроничен проблем за локалната економија во текот на изминатите неколку години, главно поради комбинацијата на масовно иселување во побогатите европски земји […]

Грција ќе „увезе“ 168.000 работници од трети земји


Недостигот на работна сила во Грција во повеќе сектори меѓу кои земјоделството, сточарството, градежништвото, но и туризмот резултира земјата за периодот 2023-2024 година, да увезе 168.000 работници од трети земји, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите на весникот, за пополнување на слободните работни места веќе е издадена и соодветна […]

Четири години затвор за премиерот на Федерацијата на БиХ за набавка на респиратори


  Премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, е прогласен за виновен како првообвинет во случајот „Распиратори“, а првостепено е осуден на четири години затвор од судот во Сараево. За ова, покрај него, виновни се обвинетите Фикрет Хоџиќ, сопственикот на компанијата „Сребрена малина“, кој доби пет години и поранешниот директор на Федералната управа […]

Монструмот осуден на 401 година затвор, повторно пуштен на слобода, еднаш веќе ја прекрши условната


Грција сериозно ја вознемири веста дека нејзиниот кошаркарски селектор Никос Сеирагакис е пуштен на условна слобода. Споменатиот во 2011 година беше осуден на 401 година затвор за педофилија и злоупотреба на 36 деца. На крајот на април 2020 година, Сеирагакис за прв пат беше пуштен на условна слобода, што ја шокираше тогашната јавност, но многу […]

Албанија треба да му плати 110 милиони евра на Франческо Бечети 


Тирана – Арбитражниот суд донесе конечна одлука со која Албанија дефинитивно го загуби случајот против италијанскиот претприемач Франческо Бечети, во врска со обесштетувањето што тој го побара за затворањето на телевизијата „Агон чанел“ во 2015 година.  Според одлуката, Албанија треба да му исплати 110 милиони евра, како и обврска од 145 илјади евра за повторното отворање на […]

Во 2018 година починало 5-годишно дете откако му дале инфицирана крв во болница во Загреб


Петгодишно момче починало откако примило крвен производ контаминиран со ешерихија коли во Детската болница во Загреб. Ова се случилои во 2018 година. Според записникот на Институтот за судска медицина и криминалистика, составен по обдукцијата, момчето во Детската клиника во Загреб се лекувало од метастатски медулобластом, вид тумор на мозокот. Според записникот, момчето починало со насилна […]